Рубрика: Астрономија и астронаутика
Универзумот може да ‘умре’ порано од очекуваното
Автор: Даниел Анастасов
Објавено на 15.05.2025 - 00:15

Уметнички приказ на неутронска ѕвезда што полека испарува преку зрачење слично на Хокинговото зрачење

Астрофизичарите велат дека Хокинговото зрачење може драматично да го скрати животниот век на нашата реалност.

Ништо не е трајно, дури ни самиот Универзум. Барем тоа е она што сегашните модели на физиката ни го кажуваат за природата на постоењето. За среќа на човештвото, повеќето проценки на астрофизичарите го имаат „закажано“ големото финале на Универзумот за околу 10¹¹⁰⁰години (тоа е 1 проследено со 1100 нули). Сепак, врз основа на новите пресметки коишто ја вклучуваат чудната природа на одредени честички од црните дупки, завесите на Универзумот може да паднат многу порано од очекуваното, барем космички гледано.

Уметнички приказ на неутронска ѕвезда што полека испарува преку зрачење слично на Хокинговото зрачење. Слика: Даниеле Футселар / artsource.nl

Според студијата што треба да биде објавена во Journal of Cosmology and Astroparticle Physics, за последните ѕвездени остатоци да се распаднат ќе бидат потребни само уште 10⁷⁸ години (тоа е 1 проследено со само 78 нули). Причина за овој драматично ревидиран животен циклус? – Стивен Хокинг. Односно не самиот Хокинг, туку честичките именувани по него.

Во 1975 година, познатиот астрофизичар теоретизираше дека некои работи всушност би можеле да избегаат од навидум неизбежното гравитациско привлекување на црна дупка, наспроти правилата утврдени со теоријата на релативност на Ајнштајн. Со пресметките на Хокинг, одредени ‘среќни’ честички го избегнуваат патувањето во еден правец кон сингуларноста благодарение на чудната појава што може да се случи на самиот раб на црната дупка. Таму, среде сиот тој спирален хаос на енергија, може да се формираат пар привремени честички. Но, пред да се спојат заедно, едната честичка се вовлекува во црната дупка, додека другата се исфрла нанадвор.

Ова Хокингово зрачење, спротивно на верувањето на Ајнштајн дека црните дупки можат само да растат, имплицира дека тие може и да се намалуваат.Тоа речиси незабележливо мешање на честички всушност предизвикува мошне бавно распаѓање на космичката врска на време-просторот.

Во еден труд од 2023 година, истражувачите од Универзитетот Радбауд во Холандија го истражуваa концептот на испарување на црните дупки, како и неговите импликации врз други објекти со гравитациски полиња како што се белите џуџиња и неутронските ѕвезди. Оттогаш, тимот сублимира прашања од целиот свет за различните импликации што Хокинговото зрачење може да ги има врз Универзумот. Тие претпоставуваа дека еден од најјасните ефекти ќе се најде кај белите џуџиња, за кои се знае дека се едни од најдолготрајните меѓуѕвездени објекти што постојат.

Истражувачите пресметале од десет различни објекти колку долго трае исчезнувањето поттикнато со Хокингово зрачење, во идеална средина без други влијанија. Белите џуџиња испаруваат за околу 10⁷⁸ години. Човечкото тело, ако е вклучено само Хокинговото зрачење, се распаѓа за 1090 години. Слика: Фалке, Вондрак и Ван Сујлеком

Претходните студии што не го вклучувале Хокинговото зрачење во нивните равенки, покажуваа дека животниот век на белото џуџе е 10¹¹⁰⁰ години. Оваа нова ревидирана пресметка што го зема предвид Хокинговото зрачење, го поместува крајот на Универзумот на многу порано – за 10⁷⁸ години.

За среќа, сè уште е имаме многу долго време“, вели главниот автор Хајно Фалке.

Се чини дека Хокинговото зрачење има изненадувачки ефекти и врз другите космички тела. Врз основа на новите проценки, на неутронските ѕвезди и на црните дупки им е потребно приближно исто време за да се распаднат: 1067 години. Ова на прв поглед нема многу смисла, бидејќи црните дупки имаат многу посилни гравитациски полиња, што значи дека хипотетички тие би требало да исчезнат побрзо.

Но, црните дупки немаат површина“, објаснува коавторот на студијата Мајкл Вондрак. „Тие реапсорбираат дел од сопственото зрачење кое понатаму го спречува овој процес“.

За малку „забава“ (слично како и физиката, „забавата“ може да биде релативна), тимот исто така одлучи да види колку време ќе му треба на човечкото суштество да „испари“ ако се има предвид и распаѓањето под дејство на Хокинговото зрачење. На крајот на краиштата, поседуваме маса, па следствено на  тоа и мала количина на гравитациско привлекување. Без други надворешни фактори од типот на, да речеме нова експлозија на Сонцето или биолошкото распаѓање, сите ваши честички нема да ви „избегаат“ уште 1090 години. Во таа смисла, барем ќе го „победите“ Универзумот.

Клучни зборови:
Уметнички приказ на неутронска ѕвезда што полека испарува преку зрачење слично на Хокинговото зрачење

Уметнички приказ на неутронска ѕвезда што полека испарува преку зрачење слично на Хокинговото зрачење. Слика: Даниеле Футселар / artsource.nl

Истражувачите пресметале од десет различни објекти колку долго трае исчезнувањето поттикнато со Хокингово зрачење, во идеална средина без други влијанија

Истражувачите пресметале од десет различни објекти колку долго трае исчезнувањето поттикнато со Хокингово зрачење, во идеална средина без други влијанија. Белите џуџиња испаруваат за околу 10⁷⁸ години. Човечкото тело, ако е вклучено само Хокинговото зрачење, се распаѓа за 1090 години. Слика: Фалке, Вондрак и Ван Сујлеком