Астрономија и астронаутика
Научната фантастика може наскоро да стане реалност. Вчера НАСА ја лансираше првата мисија со којашто се тестира технологија за одбрана на Земјата од потенцијални закани од космосот – удар на астероид или на комета. Леталото ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) беше лансирано со ракетата на Спејс Екс, Фалкон 9 од нивната база во Калифорнија.
Објавено на 25.11.2021 - 16:30

Биологија
Уметничко видување на новата техника за проучување на клетките со користење на ВИ
Коренот на повеќето болести би можел да се најде во некој дел од клетката што повеќе не функционира како што треба. Така, на пример, туморот расте бидејќи генот не бил прецизно преведен во одреден протеин, додека пак некое метаболичко заболување можеби се јавува затоа што, на пример, митохондриите не функционираат правилно. Но, за да разберат кои грешки во функционирањето на деловите од клетката можат да се развијат во некоја болест, научниците најнапред треба да ја комплетираат листата на клеточни сегменти.
Објавено на 25.11.2021 - 13:45

Омнибус
Од научните списанија се очекува да ги разгледуваат истражувачките трудови без пристрасност и наклонетост кон одредени автори. Но, во едно обемно истражување објавено вчера во списанието со отворен пристап PLOS Biology, авторите Александар Сканф, Флоријан Наудет и Клара Лошер од Универзитетот во Рен и нивните колеги откриваат дека кај една група научни списанија можеби се присутни пристрасност и фаворизирање при објавувањето на трудовите.
Објавено на 24.11.2021 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Композитната слика добиена со комбинирање на две различни фотографии направени во две различни времиња од денот, со помош навигациските камери на Кјуриосити
“Разгледницата” што може да ја видите подолу претставува уметничка интерпретација од погледот на роверот Кјуриосити од високо на падините на една од планините на Марс, создадена од членовите на тимот на мисијата кои беа зашеметени од пејзажот.
Објавено на 24.11.2021 - 16:45

Електроника
Во неговата понуда на RTS термички осигурувачи/прекинувачи, којашто беше првично претставена во 2018 година, Schurter додаде нискотемпературен прекинувачки модел. Новите термички прекинувачи наместо на температури поголеми од 210°C, се активираат на температура поголема од 175°C.
Објавено на 23.11.2021 - 16:30

Енергетика
Едно извонредно креативно решение предлага ветерни турбини, налик на прекрасна кинетичка скулптура, вградени во ѕидовите на зградите за искористување на енергијата на ветерот во градовите.
Објавено на 23.11.2021 - 13:00

Биологија
Тим од истражувачи поврзани од неколку институции во Кина пронајде докази за еволутивни промени засновани врз природна селекција кај луѓето што живеат во Европа во последниве две до три илјади години. Во нивниот труд објавен во списанието Nature Human Behavior, групата ја опишува нивната компаративна студија на денешните жители од Обединетото Кралство, со оние кои живееле ширум Европа во изминатите неколку илјади години.
Објавено на 22.11.2021 - 15:30

Омнибус
Ноември се чини дека е месец за исклучително интересни аукции. По продажбата на целосно функционален компјутер од првата воопшто серија изработена од Џобс и Возњак, денес пристигна вест за уште еден интересен предмет што утре ќе биде предмет на наддавање. Имено, еден редок манускрипт од теоретскиот физичар Алберт Ајнштајн ќе се најде на аукција во Париз. Се очекува цената на ракописот да достигне стратосферски висини...
Објавено на 22.11.2021 - 13:15

Омнибус
Таблети, паметни телефони, компјутери, но и LED светилки – секојдневно навлегуваме сè подлабоко во дигиталната ера а тоа неминовно ја зголемува нашата изложеност на сина светлина. Реномираното име од светот на оптиката – ZEISS, неодамна ги претстави на пазарот своите иновативни очила ZEISS BlueGuard за заштита од сина светлина.
Објавено на 22.11.2021 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Денес, во утринските часови се случи најдолгото затемнување на Месечината во изминатите 500 години... за жал ние го пропуштивме. Не, не беше тоа поради некоја друга преокупација, едноставно тоа не беше видливо од нашиот регион.
Објавено на 19.11.2021 - 16:00

Pages