Кон крајот на мај новата моќна вселенска опсерваторија на НАСА, вселенскиот телескоп Џејмс Веб, беше погоден од нешто поголем микрометеороид од предвиденото. Ударот предизвика забележлива штета на еден од 18-те примарни огледални сегменти на вселенското летало. Иако ударот значи дека тимот на мисијата ќе мора да го поправи изобличувањето создадено од него, од НАСА велат дека телескопот „ сè уште работи на ниво што ги надминува сите барања за мисијата “.