Медицина
Т-клетките, како што нè учат учебниците по биологија, се војници на имунолошкиот систем, постојано подготвени да одговорат на различни закани, од вируси до тумори. Сепак, без одмор и нега, Т-клетките можат да умрат и да ги остават своите домаќини поподложни на патогени. Ова го открива новата студија спроведена од научници од Јеил што беше објавена минатата недела во списанието Science.
Објавено на 31.05.2022 - 14:30

Телекомуникации
Штотуку беше завршен и успешно тестиран вториот проект на проф д-р Дејан Трајковски за радиокомуникации во микробрановото подрачје – сателитски радио-комуникации на гигахерцно подрачје. Со тоа Z31RQ стана првата македонска радиоаматерска станица опремена за работа преку радиоаматерскиот сателит QO-100 на катарската телекомуникациска компанија Es'Hail Sat, сместен во во геостационарна орбита.
Објавено на 30.05.2022 - 15:30

Информатика
Од 1 до 10 јуни Охрид ќе биде домаќин на еден мошне интересен и атрактивен настан од областа на информациските технологии. Се работи за серија интерактивни предавања и мултимедијална изложба надградена со проширена реалност обединети во насловот “Духот од електронската ламба”.
Објавено на 30.05.2022 - 12:00

Биологија
Cyanistes caeruleus – еден од видовите птици вклучен во истражувањето
Меѓународен тим ја квантифицираше стапката на генетско наследство кај птиците и цицачите. Дарвиновата теорија за еволуцијата ја опишува природната селекција како успешна адаптација на еден вид како резултат на генетските промени наследени со текот на времето. Иако ова традиционално се сметаше за релативно бавен процес, што значи дека се потребни најмалку неколку генерации за да се случи промената, се чини дека веројатно сме ги потцениле стапките на генетско наследство. Меѓународниот тим, во чијшто состав влегле 40 истражувачи од 27 научни институции, откри дека „двигателот на еволуцијата“ се чини дека е поприсутен отколку што досега се сметаше, а природната селекција се случува со два до четири пати поголема брзина.
Објавено на 27.05.2022 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Познатиот и сè уште мистериозен Wow! сигнал, што накратко беше забележан во текот на ноќта на 15 август 1977 година, можеби дошол од ѕвезда слична на Сонцето, оддалечена околу 1 800 светлосни години од нас и сместена во соѕвездието Стрелец.
Објавено на 27.05.2022 - 14:45

Информатика
Sophos, глобалниот лидер за новите генерации на кибер-безбедност, објави дека откриле како напаѓачи се инфилтрирале во еден од регионалните сервери на владата на САД и во него поминале пет месеци. Во тој период тие го користеле серверот за онлајн пребарување за алатки за ИТ администрирање и...
Објавено на 26.05.2022 - 15:30

Автомобилска техника
Истражувачите од Универзитетот Карлос Трети во Мадрид (UC3M) развија сензор и метод за откривање на условите на патот додека возилото се движи.
Објавено на 25.05.2022 - 11:15

Медицина
Истражувачите откриле дека кога државата ја декриминализира рекреативната употреба на марихуана, употребата на алкохол и злоупотребата на лекови против болки и пушењето цигарите кај младите се намалува. Во трудот објавен неодамна во во научното списание Journal of Adolescent Health, научниот тим ги презентира резултатите од нивното истражување на анкетните податоци за младите луѓе кои живеат во државата Вашингтон, во САД, откако државата ја декриминализирала рекреативната употреба на марихуана во 2012 година.
Објавено на 25.05.2022 - 10:30

Астрономија и астронаутика
Мапа на можни наоѓалишта на вода под површината на Јужниот пол на Месечината, заснована врз температурните податоци од ЛРО
Дали некогаш сте се запрашале на што се должи сиво-белиот мермерен ефект на површината на Месечината? Темните дамки, наречени мориња (maria на латински), се резултат од серија вулкански ерупции што се случиле пред милијарди години, покривајќи големи површини со врела лава. Остатоците од овие древни вулкани може да се покажат клучни во обезбедувањето извор на вода за идните астронаутите.
Објавено на 23.05.2022 - 13:45

Климатологија
До 2050 година, повеќе од 80 отсто од земјиштето што сега е посветено на земјоделството повеќе нема да има доволно вода за одгледување на земјоделски култури. Ова значи дека нивната култивација сосема извесно ќе треба да се пресели и концентрира на други места од земјината топка.
Објавено на 23.05.2022 - 12:00

Pages