Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници коишто го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во очекувањата на корисниците. Колку и како бизнисите одговараат на потребите на клиентите? Како новите бизнис модели им помагаат на компаниите да растат? Како влијаат промените во заштита на приватноста во маркетинг стратегиите и тактиките? Кои се новите (дигитални) сфери на кои мора да имаме фокус? Ова се дел од прашањата на кои ќе понудат одговори, искуства и размислувања експертите во полето на дигиталниот маркетинг и бизнис трансфорамација, на најновото, надградено издание на единствената дигитална конференција кај нас, AllWeb.