Роботика
Модуларните самотрансформирачки коцкести роботи од МИТ
Кој раснел во осумдесетите години на минатиот век сигурно се сеќава на серијата “Соколите од планетата Земја” каде Соколите и нивните роботи Зероиди се борат против вселенската инвазија на Зелда и нејзидните роботи коцки. Е па, се чини дека некому му текнало дека коцката и не е така лоша форма за модуларен робот од којшто ќе се бара да формира повеќе структури. И ги засукал ракавите...
Објавено на 04.11.2019 - 10:15

Аеронаутика
Во понеделникот, 28 октомври, во Холидеј Ин беше промовирано уште едно дело од реткиот опус книги во кои се следат чекорите на воздухопловната историја во Македонија.
Објавено на 02.11.2019 - 02:00

Астрономија и астронаутика
Глинените плочки од седмиот век пред нашата ера, на коишто со клинесто писмо се врежани набљудувањата на астрономите на необичната светлина на ноќното небо, го претставуваат можеби најстариот доказ за појавата на поларна светлина поврзана со екстремната сончева активност. Описите од плочките се совпаѓаат со изотопските траги што останале забележани во годовите на дрвјата.
Објавено на 01.11.2019 - 11:45

Биологија
Свилените конци на пајажината можат да имаат трајност од неколку часа до неколку недели, без да се распаднат и да изгнијат. Според едно ново истражување, ова се должи на неможноста на бактериите што го помагаат распаѓањето да пристапат до азотот во пајаковата свила. Имено, токму азотот е хранливата материја што микроорганизмите ја користат за раст и за репродукција.
Објавено на 31.10.2019 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Новата фотографија на Хигија во висока резолуција, направена со помош на телескопот ВЛТ
Со помош на адаптивната оптика на инструментот SPHERE на телескопот VLT (Very Large Telescope) при Јужната европска опсерваторија во Чиле, астрономите откриле дека астероидот Хигија може да се класифицира како џуџеста планета. Објектот, лоциран во астероидниот појас, е четвртиот по големина астероид по Церес, Веста и Палас. За првпат, астрономите биле во можност да ја набљудуваат Хигија во доволно висока резолуција којашто овозможува поблиско проучување на нејзината површина и утврдување на нејзината форма и големина. Набљудувањата откриваат дека Хигија има сферна форма, што би можело да ја класифицира како џуџеста планета. Ако ова се случи, титулата на најмала џуџеста планета во Сончевиот систем веќе нема да му припаѓа на Церес.
Објавено на 30.10.2019 - 15:00

Хемија
Група американски истражувачи развиле каталитички метод за претворање на пластиката за еднократна употреба во висококвалитетни течни производи како што се моторни масла, лубриканти, детергенти, па дури и козметика.
Објавено на 30.10.2019 - 12:00

Информатика
Денес, на 29-ти октомври, се одбележува Светскиот ден на Интернетот. Токму на денешен ден, во далечната 1969 година е испратена првата електронска порака од Универзитетот во Калифорнија.
Објавено на 29.10.2019 - 13:15

Екологија
Знаете за кој фестивал станува збор, нели? Онаа “безобразно голема” слава на пивото во сите форми и облици – црно, светло, пивото како закуска, како аперитив, како прилог со мезе, пивото како храна, како, како... па, пивото како крал на сите пијалаци, барем за овие две недели во Минхен.
Објавено на 28.10.2019 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Цртеж на моделот Рамна Земја
Не, не буквално, но речиси исто како да го направиле тоа. Во обид да докажат дека Земјата е рамна и статична, го докажаа спротивното – дека Земјата е топка што ротира!
Објавено на 26.10.2019 - 13:15

Информатика
Италијанската банкарска асоцијација (ABI) во текот на минатата година успешно ги обработи податоците за усогласување на локалното банкарско работење со блокчејн платформа.
Објавено на 25.10.2019 - 12:15

Pages