Државната служба за природни заштитени подрачја на Перу минатиот понеделник соопшти дека во амазонската џунгла, во делот којшто се простира во оваа земја бил откриен нов вид торбарска жаба.
Како што јавуваат, новиот вид му припаѓа на родот Gastrotheca, безопашести жаби чиешто живеалиште е сместено ширум просторите на Јужна и на Централна Америка.
“Националниот парк Кордиљера де Колан пријави важно научно откритие: за прв пат во ова заштитено подрачје во регионот на Амазон е забележан нов вид жаба торбар“, пишува во соопштението на државната служба. “Овој нов вид се разликува по дебелата рапава, грануларна кожа на грбот, зелената боја без шара, светлосин ирис со боја на тиркиз и стомак без дамки, белези или точки.“
Откритието било направено пред неколку недели, за време на истражувањето на влажната тундра и планинската шумска област на надморска височина од 3100 метри, во Кордиљерас де Колан – регион од Амазон сместен на северот од Перу во близина на границата со Еквадор.
Националниот парк Кордиљера де Колан се протега на површина од над 39000 хектари и во него се сместени шест области во кои опстојуваат видови чијшто опстанок е загрозен.
Тоа што во оваа област живеат и неколку ендемски видови, уникатни растенија и животни што не можат да се најдат никаде на друго месето во светот, ја потенцира нејзината биолошката важност.
Толму поради ова локацијата на којашто е откриен овој нов вид жаби се држи во тајност и е назначена како место од приоритетна важност за зачувување.
Новиот вид жаби што беше откриен во амазонската џунгла. Фотографијата беше пуштена во оптек од страна на Државната служба за природни заштитени подрачја на Перу.
Детали за новооткриеноиот вид Gastrotheca gamma во светскиот печат
Новиот вид жаби торбари има дебела рапава кожа и е без особени белези на нејзиниот стомак