Едно истражување спроведено во САД укажува дека кај жените во постменопауза не е битно само колку вишок тежина имате, туку битен е и начинот на којшто таа вишок тежина се распоредува на телото. Имено, истражувањето покажало дека жените чиешто тело вишокот масти го таложи околу нозете, а помалку околу торзото имаат помал ризик да развијат некоја кардиоваскуларна болест. И не се работи само за распоредот на вишокот тежина. Истражувачите од Колеџот за медицина Алберт Ајнштајн во Њујорк во нивното истражување вклучиле и жени кои имаат нормален индекс на телесна маса, т.н. BMI (body mass index).