Научниците при Истражувачкиот центар Скрипс (Scripps Research) открија молекула која може да го активира протеинот СТИНГ кој го подига природниот имунитет. Наодите се вистински клучен напредок на полето на онкологијата со оглед на тоа што протеинот СТИНГ е познат по неговите силни против-туморни карактеристики.
СТИНГ, што е кратенка од од СТимулатор на ИНтерферонските Гени (STimulator of INterferon Genes), го предводи одговорот на имуниот систем против вирусните и канцерогените натрапници и, поради неговата улога на поддржувач на антитуморниот имунитет, поттикна голем интерес кај истражувачите фармаколози кои работат на создавање нови лекови.
Сепак, природните инхибитори на СТИНГ присутни во телото претставиваат нестабилни молекули врзани со ДНК и не “преживуваат” подолг период во крвотокот. Ова го закочи развојот на лекови засновани на оваа молекула, но ја поттикна потрагата за поиздржлива мала молекула која би ја активирала СТИНГ одбраната, молекула која би кружела низ крвотокот и би се справувала со туморите “систематски” независно од тоа во кој дел од телото тие се сместени.
Истражувачите од Скрипс, кои го објавија нивниот наод вчера во Science, направиле скрининг на повеќе погодни “кандидати”, мали молекули со различни структури,со различни структири, при што идентификувале неколку од нив кои ја активираат СТИНГ молекулата. По модификација на една од овие мали молекули со цел да се оптимизираат карактеристиките, тие откриле дека при систематско третирање на глувците со инјекција, во голем дел го намалило развојот на агресивната форма на меланом.
Откритието нуди надеж за создавање лек што ќе циркулира низ телото активирајќи ги СТИНГ молекулите и ќе сузбива широк опсег на канцери.
СТИНГ-активаторот, со ознака SR-717, се чини дека го активира СТИНГ протеинот на ист налин како и природните активатори во телото. Со употреба на x-зрачна кристалографија за снимање на интеракцијата на атомско ниво, научниците покажале дека и SR-717 и познат природен активатор, се поврзуваат на исто место од СТИНГ молекулата и ја предизвикуваат истата промена на формата на протеинот.
Кај животинскиот модел на агресивен меланом, SR-717 значително го потиснал растот на туморот, спречил формирање на метастази, поттикнал презентација на тумортните молекули кај имуниот систем, и наголемо го подигнал нивото на CD8+ T-клетки и NK-клетки во непосредна близина на туморот. Како што веќе сме пишувале Т-клетките и NK-клетките се познати како едни од “најтешките оружја” на имуниот систем во борбата со ракот. При употреба на ефективната доза кај животни не биле забележани никакви позначајни несакани ефекти.
Научниците ќе продолжат со проучување на SR-717 со надеж дека ќе можат да ja “спакуваат” оваа молекула во нов вид на лек за рак којшто ќе може да се користи и самостојно но и во комбинација со други третмани.