Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов – 23/24.8.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 24.08.2020 - 13:15

Во овој времеплов го одблежуваме делото на Стенфорд Мур и неговото истражување во областа на биохемијата, роденденот на Реј Мекинтаер, човекот што го откри стиропорот, како и роденденот на Роберт Крл, кој учествуваше во откритието на графенот. Покрај тоа го одбележуваме и денот кога Плутон го изгуби статусот на планета.

 

23.8.1933 – Роден е Роберт Крл

Роберт Крл, помладиот (Robert F. Curl, Jr) е американски хемичар којшто ја дели Нобеловата награда за хемија во 1996 година со Ричард Смоли и Херолд Крото. Инаку нобеловата награда им беше врачена за нивната улога во откритието на фулерените. Фулерените претставуваат група јаглеродни алотропи  кои формираат сфери, цевчиња и рамнини.

Фулеренот е откриен случајно во 1985 година ога ласерски бил синтетизиран молекулот C60. Фулеренот се состои од 60 хибридизирани јаглеродни атоми, споени во триесетстрана еикозаедарска молекула којашто се состои од 12 петчлени (пентоаголни) и 20 шетстчлени (шестоаголни) прстени споени во сферен облик како C60, којшто наликува на фудбалска топка.

Сферниот фулерен се нарекува и Бакминстеров булерен или Бакиева топка (Buckyball), цевчињата се нарекуваат јаглеродни наноцевки, додека они поставни во рамнина се нарекуваат графен. (Н. С.)

 

23.8.1982 – Почина Стенфорд Мур

Стенфорд Мур (Stanford Moore) е американски биохемичар, нобеловец. Мур ја дели Нобеловата награда за хемија за 1974 година заедно со Вилијам Штајн за нивното истражување молекулот на рибонуклеазата. Тие ја откриле структурата на рибонуклеазата и и откриле нејзините каталитички своства при варењето на граната. Штајн и Мур подоцна ги примениле истите техники за откривање на секвенцата на дезокси рибонуклеазата. (Н. С.)

 

24.8.2006 – Плутон го губи статусот планета

На 24. август 2006 година, Меѓународното здружение на астрономи го редефинира терминот планета. Според новата дефиниција планетата мора:

1. Да орбира околу матина ѕвезда,

2. Мора да има доволно голема маса за да формира гравитациско поле

3. Планетата веќе го “зачистила” просторот вдолж нејзината орбита.

Плутон не го задоволува последниот критериум. Имено масата на Плутон е едвај 7% од целокупната маса присутна во нејзината орбита околу Сонцето.

Како последица на ова, Плутон го изгуби својот статус на “вистинска” планета и е преименуван во џуџеста планета. Сончевиот систем оттогаш официјално има 8 “вистински” планети: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. (Н. С.)

 

24.8.1918 – Роден е Реј Мекинтаер

Реј Мекинтаер (Ray McIntire) е американски хемичар, инженер познат по тоа што ја пронајде полистиренската пена, позната како стиропор или морска пена. До откритието дошол при неговата потрага за супстанција што ќе ја замени гумата како флексибилен електричен изолатор кога екпериментирал со полистирен. Полистиренот е добар изолатор но е премногу кршлив. Мекинтаер сметал дека ќе успее да го омекне полистирент ако под притисок му додаде изобутилен, но притоа добил меурчиња од полистирен, материјал што потоа ќе стане познат како стиропор. (Н. С.)

 

Дел од процесот на добивање стиропор

Клучни зборови:
Роберт Крл

Роберт Крл пред структурата на C60

Роберт Крл

Роберт Крл

Структура на фулерен

Структура на фулерен

Стенфорд Мур

Стенфорд Мур 

Стенфорд Мур

Стенфорд Мур 

Џуџестата планета Плутон

Џуџестата планета Плутон

Реј Мекинтаер

Реј Мекинтаер