Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 18/19.8.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 19.08.2020 - 12:30

Во овој времеплов го одблежуваме делото на Елизабет Стерн Шенкмен и нејзиното истражување во доменот на онкологијата, Блез Паскал и неговиот научен придонес во овласта на математиката, физиката и филозофијата, како и на пионерот на информатиката Гордон Бел. Покрај тоа го одбележуваме и денот кога беше откриен елементот хелиум.

 

18.8.1868 – Откриен е хелиумот

Елементот независно го откриваат францускиот астроном Пјер Жил Сезар Жансен и англискиот астроном Норман Локир. Жансен за првпат го забележал како непозната жолта спектрална линија во сончевата светлина за време на затемнување на Сонцето. Истото го забележува и Локир, којшто правилно заклучува дека линијата се должи на нов, неоткриен хемиски елемент, којшто го нарекува хелиум според грчкиот бог на сонцето Хелиос. Ова е прв случај еден хемиски елемент да биде откриен на друго небесно тело, без преходно тој да биде пронајден на Земјата. Дури во 1895 година, двајца шведски хемичари, Пер Теодор Клеве и Нисл Абрахам Ланглет, откриваат хелиум во испарувањата од ураниумската руда клевит.

Интересно е тоа што на овој исти 12. август, Јенсен открива начин и како да ги набљудува сончевите проминенции и кога нема затемнување на Сонцето, токму со помош на спектралната линија што го издала постоењето на хелиумот. (Н. С.)

 

18.8.1980 – Почина Елизабет Стерн Шенкмен

Елизабет Стерн Шенкмен (Elizabeth Stern Shankman) е канадски патолог позната по нејзините откритија во доменот на медицината, поточно онкологијата. Шенкмен ги опишала стадиумите на трансформација на здравите клетки од ткивото во туморни клетки. Нејзините истражувања доведоа голем напредок во онкологијата, менувајќи ја дијагнозата за рак на грло на матката од  смртна пресуда во состојба што може успешно да се лекува и спрели со профилактички мерки.

Нејзиниот труд објавен 1963 година се верува дека е првиот извештај за случаи коишто директби го поврзуваат присуството на специфичен вирус (вирусот херпес симплекс) со специфичен тип на карцином (рак на грлото на матката). Во една статија од 1973 година во списанието Science, Стерн Шенкмен стана првиот човек што пријави дефинитивна врска помеѓу продолжената употреба на орални контрацептиви и карцином на грлото на матката. Нејзиното истражување ја поврза употребата на контрацептивни таблети кои содржат стероиди со појавата на цервикална дисплазија, што е честопати претходник на карциномот на грлото на матката. Во својата најзабележителна работа на ова поле, Стерн Шенкмен ги проучува исфрлените клетките од облогата на грлото на матката и откри дека нормалната клетка минува низ 250 различни фази на трансформација пред да ја достигне напредната фаза на карцином на грлото на матката. Ова предизвика развој на дијагностички техники и скрининг-инструменти за откривање на карциномот во раните фази.

Елизабет Стерн Шенкмен почина од рак на желудникот во 1980 година. (Н. С.)

 

19.8.1934 – Роден е пионерот во компјутерската технологија, Гордон Бел

Роден е иноваторот на Корпорацијата за дигитална опрема (ДЕЦ), Гордон Бел. Во текот на своето 23-годишно работење за ДЕЦ, Бел развил неколку од најуспешните мини-компјутери на компанијата, како и нејзината добро позната машина VAX. Еден од најдобрите светски архитекти во светот на компјутерот, Бел, од многумина се смета за татко на мини-компјутерот и исто така има заслуги и за градбата на суперкомпјутерите. Бел е автор на повеќе книги, а исто така и добитник на Националниот медал за технологија и на медалот IEEE Вон Нојман. Гордон и Гвен Бел се соосновачи на Музејот за историја на компјутерите. (И. З.)

 

19.8.1662 – Починал Блез Паскал, француски математичар, физичар и филозоф

Блез Паскал (Blaise Pascal) бил француски математичар, физичар, изумител, писател и католички теолог. Роден е во Клермон Феран (Clermont Ferrand) на 19 јуни 1623 година. На тригодишна возраст ја изгубил својата мајка. Во 1631 година семејството се преселило во Париз. Татко му решил дека тој сам ќе ги едуцира своите деца, затоа што сите тие покажувале извонредна интелектуална способност, особено неговиот син Блез. Младиот Паскал покажал неверојатна способност за математика и наука. Најраната работа на Паскал била во доменот на природните и применетите науки, каде дал важен придонес во проучувањето на течностите и ги разјаснил концептите за притисок и вакуум со генерализирање на работата на Евангелиста Торичели (Evangelista Torricelli).

Во 1642 година, додека бил тинејџер, започнал пионерска работа со машини за пресметување. По три години напор и 50 прототипи, во текот на следните 10 години изработил 20 машини наречени калкулатори на Паскал, а подоцна и Паскалини. Со ова тој се смета како еден од првите двајца изумители на механичкиот калкулатор.

Паскал бил важен математичар, помагајќи во создавање на две главни нови области на истражување. Тој напишал значаен трактат од областа на проективната геометрија на 16-годишна возраст, а подоцна пишувал и за теоријата на веројатноста, силно влијаејќи врз развојот на современата економија и на општествените науки. Следејќи ги Галилеј и Торичели, во 1647 година, тој ги побунил следбениците на Аристотел, кои инсистирале на тоа дека природата се смирува од вакуум. Резултатите на Паскал предизвикале многу спорови пред да бидат прифатени.

Во 1646 година, тој и неговата сестра се идентификувале со религиозното движење во рамките на католицизмот, познато од страна на неговите клеветници како Јансенизам. Следејќи религиозно искуство кон крајот на 1654 година, започнал да пишува влијателни дела од областа на филозофијата и на теологијата. Неговите две најпознати дела потекнуваат од овој период: Писма до провинцијата (Lettres provinciales) и Мисли (Pensées), за конфликтот меѓу Јансенистите и Језуитите. Истата година напишал и важен трактат за аритметичкиот триаголник. Помеѓу 1658 и 1659 година, тој пишувал за циклоидот, кривата проследена со точка на круг додека се тркала по права линија без да се лизне, и неговата употреба при пресметување на волуменот на цврсти тела.

Во текот на животот Паскал бил со слабо здравје, особено по 18 годишна возраст. Починал само два месеци по неговиот 39-ти роденден на 19 август 1662 година. (Д. М.)

Клучни зборови:
Ознаката на хемискиот елемент хелиум

Ознаката на хемискиот елемент хелиум

Ознаката на хемискиот елемент Хелиум и приказ на молекулата на овој елемент

Ознаката на хемискиот елемент Хелиум и приказ на молекулата на овој елемент

Елизабет Стерн Шенкмен

Елизабет Стерн Шенкмен

Елизабет Стерн Шенкмен

Елизабет Стерн Шенкмен

Пионерот во доменот на компјутерската технологија Гордон Бел

Пионерот во доменот на компјутерската технологија Гордон Бел

Гордон Бел

Гордон Бел

Блез Паскал

Блез Паскал

Калкулаторот на Паскал

Калкулаторот на Паскал