Биологија
Подводната микробиолошка опсерваторија поставена во Фарско-Шетландскиот Канал од страна на научниците од Универзитетот Хериот-Ват откри дека во овие води виреат мноштво бактерии кои се хранат со нафта. Откритието може да помогне при справувањето со некоја евентуална нафтена дамка од идните излевања на нафта во океанските води.
Објавено на 30.03.2021 - 17:15

Информатика
Барем еднаш во животот сите правиме по некоја глупост, а една од најчестите е проследена со она чувство на физичка и морална тежина во вашата глава наречено мамурлак по бурна ноќ. За раат опоравување на сите вас мамурни луѓе сега има соодветна апликација која води грижа за вашето однесување во текот на славјето, па сите оние чудни полноќни разговори со вашиот шеф сега може да станат минато
Објавено на 30.03.2021 - 13:15

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 385 години од раѓањето на Санторио Санторио, првиот лекар кој сериозно се позанимавал со проблематиката на метаболизмот, 95 години од раѓањето на пакистанскиот физичар и нобеловец Абдус Салам, 135 години од поднесокот за патент за првата практична изведба на автомобил. Исто така на денешен ден пред речиси половина век беше пронајдена глинената армија на првиот кинески цар, а објавена и студијата што ги поврза зголемениот ризик за пушачите на контрацептивна пилула...
Објавено на 29.03.2021 - 23:00

Медицина
Вакцинацијата во Шкотска покажа дека ризикот од ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА (значи и од смрт) од ковид-19 значително се намалува после примена макар само ЕДНА доза вакцина, како од Фајзер/Бајонтек така и од Оксфорд/АстраЗенека.
Објавено на 29.03.2021 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Кон средината на овој месец руските научници го пуштија во употреба најголемиот подводен телескоп во светот со чија помош, низ беспрекорно чистите води на Бајкалското езеро, тие ќе можат да погледнат во длабочините на универзумот.
Објавено на 29.03.2021 - 11:30

Медицина
Со вчерашните 1419 нови случаи (рекорд од почетокот на епидемијата) имавме извесно натфрлање, а со денешните 1320 извесно потфрлање во однос на десезонираната крива (на првата слика), која покажува како би растел бројот на случаи доколку секој ден би се вршел ист број на тестови во сите лаборатории.
Објавено на 29.03.2021 - 00:15

Астрономија и астронаутика
Можеби фотографијава ви прилега на некаква фотомонтажа, но ако сте на вистинското место во вистинското време, би виделе токму вакво нешто. Секако, ниеден човек досега не го има видено ова, но сателитите можат да ни го доловат со своите камери.
Објавено на 27.03.2021 - 22:00

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 105 години од раѓањето на американскиот биохемичар Кристијан Анфинсен, кој ја најде врската помеѓу рибонуклеазата и аминокиселините, и 70 години од раѓањето на Карл Виман, американскиот физичар кој успеал да ја произведе предвидената петта агрегатна состојба на материјата. Покрај ова го славиме и родендените на германскиот математичар Адолф Хурвиц и на британскиот физичар Ентони Легет. Денес се навршуваат и 25 години од смртта на Дејвид Пакард, соосновачот на информатичкиот гигант Хјулит-Пакард...
Објавено на 26.03.2021 - 15:45

Медицина
Есента видовме една упростена симулација за тоа како функционира тоталниот локдаун за време на четиридневен продолжен викенд. Да ги видиме сега пресметките со земање предвид на точната дистрибутивна функција на веројатноста на серискиот интервал (времето од покажување на симптоми на примарниот...
Објавено на 26.03.2021 - 11:00

Омнибус
Пред точно 70 години на денешен ден за првпат беше детектирана 21 cm теоретска радиоспектрална линија на водородот од Млечниот Пат. Покрај ова во денешниот времеплов го одбележуваме роденденот на Лазар Србиновски, основоположник на македонската кардиологија, пуштањето во употреба на 500 W среднобранов предавател во Титов Велес, откритието на Сатурновиот сателит Титан и започнувањето на продажбата на Excel 4.0.
Објавено на 25.03.2021 - 17:00

Pages