Телекомуникации
Проф. д-р Тони Јаневски од Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објави нова книга со наслов „Future Fixed and Mobile Broadband Internet, Clouds and IoT/AI“ од светски реномираниот издавач Wiley – IEEE Press, која се појави на глобално ниво во април 2024 година.
Објавено на 17.05.2024 - 17:15

Информатика
Како и за сите технологии, така и современите четботови управувани од вештачка интелигенција, исто така, имаа потреба од период на прилагодување. На почетокот, всушност, се стравуваше дека генеративните алгоритми би можеле да шират лажни вести меѓу корисниците, хипотеза што беше потврдена во различни студии. Овие алгоритми, сепак, се обучени во огромното море на Интернетот и можат да научат точни, но и неточни поими. Меѓутоа, една студија спроведена од група научници од МИТ во Бостон, ја демантираше оваа перспектива.
Објавено на 17.05.2024 - 12:45

Електроника
Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од Македонија, вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи. Натпреварот е во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, кој вклучува и работилници, каде средношколците претставуваат проекти на кои работеле во текот на училишна година, додека нивните професорите следат обуки и предавања организирани од ФЕИТ. Целта е промоција на електротехниката преку обезбедување техничка и професионална поддршка на учениците и професорите.
Објавено на 16.05.2024 - 17:15

Астрономија и астронаутика
Изминатиов викенд и цела оваа недела на уживаме во неверојатни фотографии на поларна светлина, видени на многу пониски географски широчини од вообичаеното. За научниците кои се занимаваат со вселенска метео прогноза, аурорите создадени од големата соларната бура, претставуваа долгоочекуван драматичен доказ дека Сонцето се приближува кон врвот на својот 11-годишен циклус на активност. Што може да очекуваме во наредните месеци и потоа откако Сонцето ќе го достигне “максимумот”
Објавено на 16.05.2024 - 16:30

Наутика
Оваа фотографија без датум, обезбедена од OceanGate Expeditions во јуни 2021 година, ја покажува малата подморница Титан.
На 18 јуни 2023 година, петмина патници во мини-подморницата Титан ги загубија животите на длабочина од приближно 3800 метри под морето. Трагедијата се случи крај брегот на островот Њуфаундленд, Канада, при обид за посета на потонатиот брод Титаник. Екскурзијата беше организирана од американската компанија OceanGate. Батискафот во кој се наоѓаа патниците имплодира, осудувајќи ги на ужасен крај. Нешто помалку од една година по несреќата, една студија од Универзитетот во Хјустон се обидува да ги расветли причините за трагедијата.
Објавено на 16.05.2024 - 12:00

Информатика
Сем ако не сте живееле под камен, веројатно сте слушнале за Rumble којшто, барем кај нас, се перципира како алтернатива на YouTube. Но колку е ова точно? Што всушност нуди платформата? Кои се нејзините предности и недостатоци во однос на добро познатиот YouTube? Па, да тргнеме со ред...
Објавено на 15.05.2024 - 14:15

Медицина
Семаглутидот (којшто се продава како Ozempic, Wegovy и Rybelsus) првично бил развиен за лекување на дијабетесот. Работи на тој начин што го стимулира создавањето на инсулин за да го контролира нивото на шеќер во крвта. Овој тип на лек сѐ почесто се препишува за слабеење, и покрај тоа што првично е одобрен за друга намена. Неодамна се појави зголемен интерес за една друга негова можна употреба: за лекување на зависност.
Објавено на 14.05.2024 - 16:15

Историја и археологија
Двојно зашилен стап пронајден во Шенинген Германија
Каменото доба, во поширока смисла, остана назнака за оној делот од човечката историја во кој сѐ уште сме биле ловци-собирачи, пред развојот на технологиите за топење метали ште ќе овозможат целосна трансформација на нашите општества во постојани населби. Но, една нова студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences предлага дека терминот “камено доба“ можеби е погрешен.
Објавено на 14.05.2024 - 14:45

Роботика
Оригами ботот или мекотелата робо-гасеница
Комбинирајќи ја древната вештина на оригами (создавање форми со превиткување на хартија) со современите материјали, истражувачите создадоа нов тип на мек робот налик на гасеница, кој се витка и спровнува низ лавиринти. Роботот е составен од повеќе модуларни сегменти што можат да функционираат како независно така и во една поголема целина во рамките на која тие комуницираат едни со други.
Објавено на 13.05.2024 - 18:15

Астрономија и астронаутика
Американската агенција НОАА (National Oceanic and Atmosperic Administration) издаде предупредување за огромно исфрлање на коронарна маса на 9 мај и, точно според предвидувањата, сончевиот материјал допре вчера до Земјата. Силната геомагнетска бура резултираше со спектакуларни манифестации на поларна светлина видливи на многу појужни географски широчини од вообичаеното – аурори се фотографирани над Алпите, па дури и над Балканот, ќе продолжи во текот на целиот викенд, а аурори се очекува да бидат видливи и во текот на следната недела.
Објавено на 11.05.2024 - 18:00

Pages