Медицина
Во претходниот напис, анализата на досега спроведените студии и клинички искуства покажа дека стариот антипаразитски лек, ивермектин, е кандидат за идеален лек против COVID-19, особено затоа што бил извонредно безбеден и ефективен за сите клинички степени на болеста, со потенцијал да ја намали смртноста за најмалку пет пати...
Објавено на 30.08.2020 - 16:00

Информатика
Како ИТ менаџерите ги заштитуваат корпоративните мрежи од таргетирани напади ? Пaлетата на сајбер-закани помина низ драматични промени изминатите години, како резултат на претходно непознати закани, file-less напади, ransomware и крипто-рудари. Tаргетираните напади врз компаниите постојано се...
Објавено на 30.08.2020 - 15:30

Информатика
Анализата на јавни сметки во облак на Amazon Web Services, Microsoft Azure и Google Cloud Platform откри позитивен тренд кога станува збор за заштитата на податоците во облак, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат корисниците на ваквите сервиси. Новото истражување покажа дека минатата година, 70% од организациите што користат јавни услуги во облак имале некаков инцидент со безбедноста. Тие инциденти вклучуваат напади со ransomware или друг злонамерен софтвер (50%), протечени приватни/корпоративни податоци во јавност (29%), компромитирани сметки (25%), и криптохакирање (17%).
Објавено на 25.08.2020 - 01:30

Омнибус
Во овој времеплов го одблежуваме делото на Стенфорд Мур и неговото истражување во областа на биохемијата, роденденот на Реј Мекинтаер, човекот што го откри стиропорот, како и роденденот на Роберт Крл, кој учествуваше во откритието на графенот. Покрај тоа го одбележуваме и денот кога Плутон го изгуби статусот на планета.
Објавено на 24.08.2020 - 13:15

Медицина
Човештвото е во очајна потреба од безбедно премостување на овој тежок период на пандемија до целосна вакцинација на светското население. Би било идеално кога би постоел безбеден, ефективен и евтин лек, по можност во форма на апче и којшто лекарите би можеле да го препишуваат на пациенти веднаш по добивањето на позитивен тест и тоа за терапија во домашни услови. Кога таквиот лек би ја намалил стапката на хоспитализација за 5-10 пати, а со тоа пропорционално и стапката на смртност, ризикот од инфекција со SARS-CoV-2 би се свел приближно на ризикот од сезонскиот грип.
Објавено на 23.08.2020 - 12:45

Колумна
Насловната страница на првиот број од списанието ЕМИТЕР
Изгледа неверојатно, барем за мене, но ете изминаа 25 години од излегувањето на првиот број на ЕМИТЕР, на денешен ден, во август 1995 година. Но приказната за ЕМИТЕР е започната барем десетина години порано, кога како ученик редовно ги читав југословенските списанија „Техничке новине“, „САМ свој мајстор“, „Радиоаматер“ и „Галаксија“, а потоа, како студент и британскиот „Elektor“ и многу други научно-популарни списанија во Американскиот и Францускиот културен центар. Некаде тогаш е зачетокот на идејата за наше, македонско научно-популарно и техничко списание.
Објавено на 21.08.2020 - 22:45

Медицина
Научниците при Истражувачкиот центар Скрипс открија молекула која може да го активира протеинот СТИНГ кој го подига природниот имунитет. Наодите се вистински клучен напредок на полето на онкологијата со оглед на тоа што протеинот СТИНГ е познат по неговите силни против-туморни карактеристики.
Објавено на 21.08.2020 - 12:00

Индустриски дизајн
Иако вашата коса, мустаќите, брадата се многу помеки од челикот, сепак оние што се бричат знаат дека кој и да е жилет трпи само неколку употреби. Претходно, истражувачите ова го објаснуваа со затапувањето на остриот раб, кој постепено се аби со секоја употреба. Но, едно ново истражување (да, и овие секојдневности се предмет на сериозни истражувања ;) ) открива дека главен виновник за брзото трошење на вашиот брич е сосема различен процес.
Објавено на 20.08.2020 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов го одблежуваме делото на Елизабет Стерн Шенкмен и нејзиното истражување во доменот на онкологијата, Блез Паскал и неговиот научен придонес во овласта на математиката, физиката и филозофијата, како и на пионерот на информатиката Гордон Бел. Покрај тоа го одбележуваме и денот кога беше откриен елементот хелиум.
Објавено на 19.08.2020 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Научниците открија мистериозно пулсирање на гама-зраци кое потекнува од космички облак од гас. По ништо специјалниот облак, сместен во соsвездието Аквила, пулсира во ритамот на блиската црна дупка, што укажува на поврзаност помеѓу двата објекта. Истражувањето e предводено од Џан Ли од DESY и Диего Ф. Торес, професор при Каталонскиот институт за напредни науки (ICREA) и истражувач при Институтот за вселенски истражувања на Каталонија (IEEC) на Институтот за вселенски науки (ICE, CSIC), резултатите од него беа објавени вчера во списанието Nature Astronomy.
Објавено на 18.08.2020 - 13:15

Pages