Електроника
Kлиматските промени дополнително ја зголемија потребата за поефективно следење на ерозијата-корозијата во многу сфери – од авијацијата и прекуокенскиот транспорт, до производството на обновлива енергија и градежништво. Истражувачите веќе работат на подобрување на начинот на кој се следат промените на чувствителните структури, како на пример, турбините, хеликоптерските пропелери, па дури и мостовите, барајќи знаци за абење предизвикано од временските услови.
Објавено на 20.10.2023 - 12:30

Медицина
Во Австралија само што не започнала новата фаза клинички испитувања за ветувачки нов третман за сепса за кој истражувачите велат дека може да спаси безброј животи. Новиот третман се нарекува натриум аскорбат – PH избалансирана верзија на витамин Ц – и се доставува во вид на она што научниците го нарекуваат „мега-доза“ во крвотокот. Количината што се доставува со третманот е еквивалентна на витамин Ц од илјадници портокали, значи не се надевајте дека ќе излечите сепса со само неколку таблети витамин Ц.
Објавено на 18.10.2023 - 14:00

Информатика
Вештачката интелигенција еволуира... и тоа мошне брзо. OpenAI, компанијата која го лансираше најпознатиот голем јазичен модел, изминативе денови најави негово ажурирање. Во првата фаза тоа ќе биде достапно само за платените верзии на ChatGPT – Plus и Enterprise. Иновациите ќе го направат четботот уште посличен на различните гласовни асистенти што веќе ги знаеме, но со супериорен капацитет за дијалог – апликацијата ќе може да гледа, чита и да зборува, трансформирајќи се во „човек“ со вештачка интелигенција.
Објавено на 17.10.2023 - 16:30

Информатика
Европскиот пазар за е-трговија се очекува да достигне 1,5 трилиони долари до 2027 година, тврди GlobalData во новиот истражувачки извештај. Ова значи дека просечната годишна стапка на раст изнесува 9% и дека европскиот раст малку заостанува зад глобалната стапка на пораст, која GlobalData ја проценува на 9,5 %. Фирмата за податоци и аналитика предвидува дека глобалните трошоци за е-трговија ќе достигнат 9,3 трилиони долари во 2027 година, наспроти достигнатите 5,9 трилиони долари во 2022 година. Ова претставува вкупен раст од нешто помалку од 60% за период од само пет години!
Објавено на 16.10.2023 - 13:15

Архитектура и градежништво
Во периодот од 14 до 29 септември Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) го одржа ХI (21-то) биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023. На свеченото затворање на БИМАС 2023, кое се одржа на 29 септември 2023 во Музејот на современа уметност во Скопје, награди за најуспешните и најдобрите им врачи претседателот на ААМ, проф. д-р Мишко Ралев.
Објавено на 16.10.2023 - 12:15

Медицина
Колкава е јачината на конопот што се консумира денес наспроти оној што се пушел пред неколку децении? Ова, навидум наивно прашање, е извор на речиси сите главоболки за регулаторите кои се занимаваат со одобрување на еден куп производи-деривати од ова растение но и со првите обиди за легализација на т.н. “рекреативно” консумирање марихуана. A одговорот којшто го посочува една интересна статија неодамна објавена во New Scientist баш и нема многу да им се допадне. Имено, канабисот денес е многу помоќен. Неговата психоактивна моќ и онаа на неговите производи, како што е марихуаната, расте, а со тоа се зголемуваат и можните несакани ефекти.
Објавено на 13.10.2023 - 13:15

Астрономија и астронаутика
До пред извесно време, најстрашната позната сончева бура беше онаа од 1 септември 1859 година, позната и како Карингтонов настан. Споменатата сончева експлозија предизвикала големи пожари и целосна блокада на телеграфските комуникации во поголемиот дел од планетата. Но, Карингтоновиот настан би бил нешто како мало треперење на светилката во споредба со сончевата експлозија што мошне извесно се случила пред 14 300 години.
Објавено на 13.10.2023 - 12:30

Енергетика
Во првиот дел констатиравме дека во целиот свет интензивно се градат нови реверзибилни хидроелектрани (РХЕ), наречени уште пумпно-акумулациони хидроелектрани (ПАХЕ). Јапонија е светски лидер на ова поле, Кина ја гради најголемата ПАХЕ на светот (Шианши Јуанку, 4 X 300 MW), Хрватска покрај постоечките 3 гради уште 4 нови реверзибилни хидроелектрани, а во сите поранешни југословенски републики веќе има таквие електрани, освен во Македонија, која има намера да се задоволи само со една третина од идната ПАХЕ „Чебрен“.
Објавено на 12.10.2023 - 13:15

Електроника
Првото управување на робот со помош на сигнали од мозокот , реализирано во 1988 година од страна на професорот Стево Божиновски и Михаил Шестаков од Електротехничкиот факултет и Лилјана Божиновска од Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет , најголемата меѓународна организација на електроинженерите во светот IEEE го прогласи за монументално откритие и научна пресвртница. За одбележување на овој момент и местото каде ова достигнување беше постигнато, IEEE денес постави спомен-плоча во просториите на ФЕИТ.
Објавено на 10.10.2023 - 23:45

Информатика
Ако сте загрижени за безбедноста, избришете ги последните 15 минути од историјата на пребарување во апликацијата Google. Бришењето на последните 15 минути од историјата на прелистување се врши во неколку чекори.
Објавено на 09.10.2023 - 17:15

Pages