Биологија
Допаминот го преплавува мозокот на вљубените кога го бараат партнерот или кога се наоѓаат во нивно присуство; но се спушта на минимални нивоа по раскинување на врската,... за да нѐ заштити.
Објавено на 24.01.2024 - 11:45

Историја и археологија
Тула од печена глина од Вавилон, со печат на Набукодоносор II
Со анализа на теракотни тули направени во Месопотамија помеѓу третиот и првиот милениум пред новата ера, истражувачите прецизно ја следеле еволуцијата на локалното магнетно поле на Земјата во овој период.
Објавено на 23.01.2024 - 13:00

Медицина
Се смета дека хемоглобинот, покрај неговата витална улога во транспортот на кислородот во крвта, е вклучен и во опстанокот на епифизалните 'рскавици, каде што нивото на кислород е ниско.
Објавено на 22.01.2024 - 17:15

Астрономија и астронаутика
Уметнички приказ на SLIM на површината на Месечината
Додека ние скокавме по крстот јапонците скокнаа до Месечината. Па добро, не баш веднаш и сега, леталото беше лансирано кон нашиот најголем сателит уште пред неколку месеци – на 7 септември 2023 година од базата Танегашима, со помош на ракетата H-IIA. Но, на 19-ти овој месец тоа конечно пристигна до крајната дестинација – површината на Месечината. Во продолжение во кратки црти пренесуваме како се одвиваше слетувањето на јапонската сонда SLIM
Објавено на 22.01.2024 - 13:30

Електротехника
Сигурно сте забележале дека во некои простории, осветлени со помош на електрични светилки, по некое време чувствувате замор во очите, а можеби и главоболка и нарушување на целокупното расположение. Причината за тоа е треперењето на светлината кое е присутно кај некои светилки. Но како да откриете кои светилки се штетни за вашиот вид? Едноставно – со помош на мобилниот телефон според упатствата дадени во оваа статија и видеото во прилог.
Објавено на 20.01.2024 - 19:15

Енергетика
Од медиумите разбравме за намерата на Владата да бара странски „стратешки инвеститор“ за изградба или адаптација на гас на ТЕЦ „Неготино“ и РЕК „Битола“.Нема да навлегуваме во анализите на исплатливоста на предложените гасни електрани, каде концесионер би била странска компанија, но накратко кажано таа компанија нема да ни продава цена под берзанската. Зошто би ни продавала поевтино, ако може да ја продаде преку берза поскапо? Оттаму сосема природно е да ја разгледаме можноста која е далеку поповолна – трансформацијата кон “зелена” енергија да ја направиме со сопствени сили
Објавено на 19.01.2024 - 15:00

Медицина
Размислувањата дека Алцхајмеровата болест претставува збир од болести, а не една единствена патологија, може да се покаже клучно при напорите за конечно пронаоѓање на ефикасна терапија, барем за некои од пациентите. На овој начин размислуваат авторите на студијата што беше објавена деновиве во Nature Aging . Според трудит постојат најмалку пет варијанти на Алцхајмерова болест, секоја од нив поврзана со мошне специфична комбинација на протеини присутни во течноста што го опкружува мозокот.
Објавено на 18.01.2024 - 14:45

Информатика
Најновата измама на Фејсбук се одвива со фишинг напади. Корисниците на социјалната мрежа се измамени да кликнат на врската која всушност претставува лажна вест, а за поголем кредибилитет на веста е додадено и логото на Би-Би-Си (BBC).
Објавено на 18.01.2024 - 13:00

Енергетика
Кинескиот стартап Betavolt претстави тенка нуклеарна батерија за која тврди дека може да се користи како извор на електрична енергија цели 50 години, без притоа да има потреба од полнење или сервисирање. Според нив ова е прв проект во светот што ја реализира минијатуризацијата на атомската енергија, поставувајќи радиоактивни изотопи во модул помал од метална паричка.
Објавено на 17.01.2024 - 15:30

Геологија
14 јануари: чад и текови од лава се гледаат за време на драматична вулканска ерупција во близина на Гриндавик во западен Исланд.
Исландскиот вулкан со недели му се закануваше на пристаништето Гриндавик. На 14 јануари, за време на последната ерупција, потоци од лава се упатија од вулканот кон градот. Тековите од лава во кои изгореа најмалку три објекта, поттикнаа брза и обемна реакција на исландските служби за итни случаи, кои градеа бариери, познати како берми, во обид да ја пренасочат лавата подалеку од градот Гриндавик.
Објавено на 17.01.2024 - 11:30

Pages