Информатика
Соња Николовска Евтимовска, територијален менаџер за продажба за Македонија, Косово и Албанија и Ивана Србиновска, продукт-менаџер
Втората годишна конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“ („Ingram & Vendors Networking #2“) постигна огромен успех, собирајќи во Охрид преку 100 експерти од ИТ-секторот од Македонија, Албанија и Косово. Во текот на дводневната конференција, експертите говореа за идниот развој на технологиите – кибер безбедноста, за ransomware (уценувачки софтвер) и виртуелизацијата, кои ја поместуваат ИТ-индустријата кон посигурна и безбедна средина за управување со податоци.
Објавено на 26.09.2023 - 17:00

Екологија
Данската компанија Lego го суспендираше проектот за производство на популарните коцки од рециклирани материјали односно од пластични шишиња за пијалоци наместо како замена за вообичаената пластика што ја користат, а која се добива од нафта. Според соопштението за јавност, компанијата се решила на овој потег поради тоа што процесот на реупотреба на ПЕТ (PET) амбалажата не донел никакви промени во поглед на јаглеродните емисии што се испуштаат при целокупната изработка на производот.
Објавено на 26.09.2023 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Површината на Јупитеровата месечина Европа снимена со инструментот NIRCam на вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА.
Јупитеровата месечина Европа е еден од ретките светови во нашиот Сончев систем со услови погодни за потенцијален развој на живот. Претходните истражувања веќе покажаа дека под кората на водениот мраз се крие солен океан од течна вода со карпесто дно, налик на земските поларни океани. Меѓутоа, планетарните научници сè уште не беа сигурни дали во овој океан се присутни сите хемиски состојки неопходни за живот, а особено дали има јаглерод. Сега, користејќи ги податоците од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, астрономите детектираа присуство на јаглерод диоксид во одреден регион на ледената површина на Европа. Дали е ова знак дека во океаните под површината постои живот сличен на земскиот?
Објавено на 25.09.2023 - 15:00

Информатика
Веројатно барем еднаш сте се поврзале на Интернет во трговски центар или хотел, од деловни или приватни причини, без да размислувате дали тоа ги загрозува вашите приватни податоци. Но, тоа спојување во никој случај не е безопасно. Денес безжичниот интернет е присутен насекаде, речиси во сите угостителски објекти, дури и во кафулињата и рестораните каде што често престојувате. Додека го читате весникот на телефон и го пиете првото утринско кафе во барот – можеби хакерот ве „гледа“.
Објавено на 25.09.2023 - 13:30

Архитектура и градежништво
Реал Мадрид, најуспешниот фудбалски тим во историјата, наскоро ќе може да се пофали и со титулата клуб со најмодерен стадион на планетата. Подвижен покрив, тревен терен на одлагање, џиновски 360° ротирачки екрани... Супер хај-тек стадионот Сантијаго Бернабеу наскоро ќе биде претставен пред светот.
Објавено на 22.09.2023 - 13:45

Медицина
Меѓународен тим на истражувачи штотуку откри како невроните умираат во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест. Разбирањето на механизмот, истражуван веќе подолго време, може да донесе нови терапии против најраспространетата форма на деменција. Веста беше објавена во Science, една недела пред Светскиот ден за Алцхајмеровата болест – 21 септември, посветен на подигање на свеста за оваа болест.
Објавено на 22.09.2023 - 12:45

Енергетика
Времето на термоелектраните на јаглен во Македонија брзо истекува и веќе во 2030 година производството на електрична енергија од јаглен ќе биде сведено на нула. Падот на производството ќе го забележиме уште во 2026 година, кога согласно со потпишаниот договор со ЕУ, односно нивниот ултиматум, треба да престане со работа ТЕЦ „Битола 1“. Но, дури и без овој договор, јагленот во рудникот „Суводол“ е при крај. Во рудникот „Брод-Гнеотино“ јаглен има, но со прилично послаб квалитет, додека експлоатацијата во рудникот „Живојно“ со подземен ископ најверојатно нема никогаш ни да започне. Во рудникот Осломеј јагленот исто така е при крај, а „мазутарата“ ТЕЦ „Неготино“ произведува толку скапа струја, што освен во зима и во крајна нужда воопшто не се исплати. Какви ни се тогаш алтернативите за домашно производство на електрична енергија?
Објавено на 22.09.2023 - 11:15

Металство и машинство
Комбинацијата на модерна технологија и сознанијата за старите мајстори, создатели на безвременските ремек-дела, го овозможи создавањето на „Невозможната статуа“. Статуата изработена од нерѓосувачки челик, тешка 500 килограми и висока 150 сантиметри, е создадена со користење на најновите достигнувања во вештачката интелигенција, напредни софтверски решенија и прецизно производство, а е инспирирана од делата на Микеланџело и Огист Роден. Статуата од средината на месецот јуни може да се види како дел од постојаната поставка во Музејот на науката и технологијата во Стокхолм, во секцијата посветена на ВИ.
Објавено на 21.09.2023 - 14:30

Архитектура и градежништво
Како што летото полека се претопува во есен, многумина веќе ги исклучија клима-уредите и треперат пред моментот кога ќе стане неопходно да се вклучат греалките. Традиционалните системи за греење и ладење се енергетски интензивни и со оглед на тоа што вобичаено функционираат со фосилни горива, тие не се одржливи. Инспирирани од камелеонот, кој живее во пустината, еден истражувачки тим разви енергетски ефикасен фасаден премаз којшто е во исто време и финансиски исплатлив. Материјалот може да ги одржува зградите ладни во летата и топли во зимите, без употреба на дополнителна енергија.
Објавено на 20.09.2023 - 16:30

Медицина
Кога детето има висока температура, секогаш е тешко да се разбере што точно ја предизвикува. На лекарите честопати им треба многу време пред да ја постават точната дијагноза и да разберат дали симптомите се должат на вирус, бактерија или на нешто друго. Сега група истражувачи развиваат тест преку крв кој, доколку се покаже успешен, би овозможил дијагностиката на вообичаените болести да се изврши за само еден час. Испитувањата се сѐ уште во почетна фаза, но ако сѐ оди како што треба, овој нов пристап може да донесе „ револуција за здравствениот сектор “, вели Мајкл Левин, еден од авторите на студијата објавена деновиве во Cell Med.
Објавено на 20.09.2023 - 13:30

Pages