Информатика
Традиционално, изборот којшто Media Solutions го организираат за Сајт на годината се одвива од некаде кон крајот на ноември до последните десетина дена во декември од тековната година. Но, како што тоа време дојде и појде, многумина сметаа дека можеби организаторите се откажале од манифестацијата. Сепак, се чини дека со мало задоцнување, поради (како што велат тие) глобално неизвесната ситуација, идејните автори на овој настан Медиа Солушнс, повторно на едно место ќе ги соберат најдобрите, а интернет публиката ќе има можност најнапред да ги номинира, а потоа со гласање и да ги избере најдобрите македонски сајтови во минатата 2021 година.
Објавено на 01.02.2022 - 18:30

Климатологија
Климатските промени ги доведоа во ризик зимските спортови – многу градови што во минатото биле домаќини на зимската олимпијада денес веќе не би можеле да да го сторат тоа.
Објавено на 01.02.2022 - 17:45

Физика
Сè во природата е променливо, бидејќи сè е составено од атоми кои се спојуваат и се распаѓаат во облици што постојано се менуваат. Но, колку долго траат атомите? Дали тие навистина се вечни? Всушност, некои атоми се практично вечни, но има и други кои постојат само неколку многу кратки моменти.
Објавено на 31.01.2022 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Опсерваторијата сместена на островот Хвар во Хрватска
Идејата за изградба на астрономска опсерваторија во Македонија прострујува низ македонскиот интелектуален простор отприлика на секои десетина години. Ова им е на сите добро познато, особено на аматерските астрономски друштва како и на сите љубители на астрономијата во Македонија. Колку сме блиску или далеку од вакво нешто?
Објавено на 28.01.2022 - 23:30

Информатика
Sophos, глобален лидер на пазарот за новите генерации кибер безбедност, објави дека е прогласен за најдобра компанија за кибер безбедност за 2021 година од страна на Channel Partner Insight. Компанијата е прогласена за победник на 2021 Channel Innovation Awards за своите иновативни решенија и услуги за кибер безбедност, кои обезбедуваат подобра заштита од кибер напади и го подобруваат растот на компаниите.
Објавено на 28.01.2022 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Всушност, работите и не се толку многу драматични како што тврди насловот, но сепак се доволно возбудливи да им го посветиме нашето целосно внимание ;) Дел од ракетата на SpaceX, што беше лансирана пред седум години и којашто остана “заробена” во вселената по извршувањето на мисијата, ќе се урне на Месечината во март, велат експертите.
Објавено на 27.01.2022 - 17:30

Хемија
Сите ја знаеме добро увежбаната зимска процедура – сè што ќе остане од сармата се пакува во пластичен сад и се мрзне за понатамошна употреба. А, пластичните садови ги употребуваме не само за сарма, туку и за складирање мрсни салати, славски колачи, торти и што уште не. И сево ова се повторува одново и одново. А зошто да не, кога тие се мошне практични за складирање. Но, кога треба пластиката за повеќекратна употреба да се измие, ете проблем – таа многу тешко се мие од маслото, а откако ова некако и ќе ви појде од рака, времето потребно за пластиката да се исуши е навистина долго. Зошто е тоа така?
Објавено на 27.01.2022 - 14:15

Медицина
Една широка мултидисциплинарна соработка на научници, инженери и лекари од целиот свет изнедри систем со вештачка интелигенција (ВИ) којшто преку анализа на скенови од мрежницата на окото може да пронајде знаци за срцеви заболувања. Сега, новиот ВИ систем може да го предвиди ризикот од срцев удар со точност од 70-80%, со само еден скен од мрежницата.
Објавено на 26.01.2022 - 15:45

Информатика
Зборот на годината избран од познатиот речник Колинс е NFT. Всушност, ова не е збор, туку кратенка за таканаречените незаменливи токени, односно non-fungible token . Имено, употребата на кратенката NFT во 2021 година се зголемила за 11 000 % и е присутна во различни разговори ширум светот
Објавено на 26.01.2022 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Вчера, помошните мотори од вселенскиот телескоп Веб беа активирани во траење од речиси пет минути (297 секунди). Со ова беше направена последната корекција на курсот на Веб по лансирањето, и телескопот беше поставен на средината од патеката што го вметнува Веб во орбита околу втората Лагранжова точка Сонце-Земја (L2), на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата.
Објавено на 25.01.2022 - 15:15

Pages