Екологија
Депонија за пепел од РЕК Битола во подрачјето на напуштеното и веќе затрупано село Билјаник.
Деновиве во јавноста голема резонанса предизвика веста за разнесувањето на наводно радиоактивна пепел од РЕК Битола низ Пелагонија. Засега единствената проверена информација, врз основа на податоците добиени од извршените мерења од страна на „Технолаб” ДОО Скопје, акредитирана лабораторија за животна средина и безбедност при работа, вели дека во согласност со Уредбата за граничните вредности за нивоата и видовите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух
Објавено на 23.04.2025 - 11:45

Електроника
Многу уреди што луѓето секојдневно ги користат се напојувани од микропроцесори направени од транзистори. Ова се должи токму на Муровиот закон кој повеќе од половина век го диктираше темпото на развој во микропроцесорската технологија.
Објавено на 22.04.2025 - 11:30

Информатика
Дводимензионалната структура на Дураковиот графет
На повидок е нова ера на флеш мемории! Употребата на графенот овозможува брзини на пристап и обработка на податоците незамисливи за традиционалниот силициум - новата кинеска флеш меморија е за милион пати побрза од сегашните флеш мемории!
Објавено на 22.04.2025 - 10:45

Енергетика
Поглед кон вештачката акумулација Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
Со актуелизацијата на Чебрен во септември 2023 година за првпат ја истакнавме важноста на реверзибилните хидроелектрани (РХЕ) како најдобар начин за складирање на енергијата од обновливите извори на енергија (ОИЕ) во идниот електроенергетски систем (ЕЕС) на државата. Од друга страна, бизнис-лобито, гледајќи тука шанса за брз профит од трговија, ја пропагираше приказната дека батериските системи за складирање се всушност она што ни треба, иако 99% од складирањето во светот се врши со РХЕ. Техниката на ОИЕ и складирањето на енергијата во меѓувреме брзо се развиваше, па со најновите сознанија и врз основа на факти ќе видиме дека двете предложени решенија за Чебрен и 100%-ната примена на батериите треба да се отфрлат, бидејќи постојат пооптимални решенија.
Објавено на 21.04.2025 - 12:30

Роботика
Минатата недела започна пријавувањето за учество во натпреварот по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија – Robomac што традиционално секоја година се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии. За учество можат да се пријават сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката. Оваа година терминот на RoboMac 2025 е резервиран за средината на месецот мај, од 12-ти до 17-ти.
Објавено на 16.04.2025 - 13:00

Електроника
Групна фотографија со наградените ученици
На 14 и 15 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии се одржa дводневна едукативна работилница на тема ‘Вградливи микропрокомпјутерски системи’. Настанот е дел од проектот ‘Технологија за тебе’, реализиран од ФЕИТ ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, при што активностите во ФЕИТ ФАБЛАБ ги спроведуваат Институтот за електроника, Институтот за телекомуникации, Институтот за автоматика и системско инженерство и Институтот за компјутерски технологии и инженерство при ФЕИТ.
Објавено на 16.04.2025 - 12:15

Омнибус
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) започнува едукативна кампања, наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+, со намера да ги унапреди транспарентноста, конкурентноста и квалитетот на проектите, во согласност со европските вредности и практики во образованието.
Објавено на 16.04.2025 - 11:30

Електроника
Кој вели дека кошаркарското игралиште мора нужно да биде направено од традиционален дрвен паркет? Или дека за играње фудбал ви треба убав зелен тревник, тазе искосен? Во ера каде технологијата од сите страни навлегува во нашите животи, се менува дури и спортот. Така, на пример, во Германија најиновативните терени за играње се направени од стакло и ЛЕД диоди – тие се претвораат во џиновски екран под нозете на спортистите и го прават спортскиот настан уште поспектакуларен.
Објавено на 14.04.2025 - 13:45

Биологија
Минатата недела како една од најголемите вести од светот на науката беше пласирана објавата од компанијата Colossal Biosciences, кои во нивното соопшение велат „го вративме страшниот волк од листата на изумрени“. Се работи за суштество налик на големиот волк (direwolf) од серијата ‘Игра на тронови’, суштество со латинско име Aenocyon dirus кое постоело во епохата на плеистоценот. Но, колку има вистина во ова тврдење?
Објавено на 14.04.2025 - 12:15

Телекомуникации
На 5. април оваа година за прв пат успешно извршив дигитален пренос на тест слика (видео и аудио) преку катарскиот сателит Es’Hail QO-100, што се наоѓа во геостационарна орбита на околу 38 000 km од Македонија. Со ова Македонија се запиша во листата земји кои емитуваат и примаат дигитална телевизија преку овој сателит.
Објавено на 10.04.2025 - 21:15

Pages