Едно ново истражување покажува дека австралиските тропски шуми сега испуштаат повеќе јаглерод во атмосферата отколку што го апсорбираат. Настанот е опскурно предупредување за глобалните последици од климатските промени и предизвиците пред COP30.
Австралиските тропски шуми први во светот ја преминаа опасната граница – од складишта на јаглерод во извори на јаглероден диоксид. Ова откритие, објавено на 16 октомври во списанието Nature, дојде во пресрет на 30-тата годишна Конференција на Обединетите Нации за климатски промени (COP30), која ќе започне на 10 ноември во Белем, Бразил. Научниците предупредуваат дека оваа трансформација во Австралија може да биде индикатор за иднината на тропските шуми ширум светот.
Долгорочната анализа на австралиските дождовни шуми од 1971 до 2019 година покажува дека од околу 2000-та година дрвната маса – стабилната структура на гранки и стебла – е во намалување. Истражувачите, предводени од екофизиологот Хана Карл од Универзитетот на Западен Сиднеј, забележуваат дека смртноста на дрвјата значително се зголемила поради климатските промени предизвикани од човекот, тука вклучувајќи ги растечките температури, сушите и силните тропски циклони. Како резултат на ова мртвите дрвја враќаат јаглерод во атмосферата.

Претходните климатски модели укажуваа дека зголеменото ниво на CO₂ во атмосферата може да ја стимулира растителната биомаса и да ја намали загубата на шумите. Сепак, истражувањето покажа дека зголемените количини јаглерод од мртвите дрвја не резултирале со значителен раст на нови растенија. Научниците сметаат дека причината може да биде недостигот на важни хранливи материи, особено фосфор, кои се неопходни за раст. Овој фактор мора да се земе предвид при проектирање на иднината на шумите и нивното влијание врз климатските промени.
Давид Бауман, растителен еколог од Францускиот национален институт за одржлив развој, потенцира: „Нашите наоди ја нагласуваат неопходноста од амбициозни активности за забавување на климатските промени, вклучувајќи ја и заштитата на тропските шуми. COP30 ќе биде клучен момент за овие дискусии и понатамошни акции.“
Истражувачите се надеваат дека COP30 ќе ја стави во фокус и иднината на тропските шуми, особено огромната Амазонска прашума, која е на работ на сопствената критична точка. Амазонската прашума, која се протега на површина речиси еквивалентна на онаа од континенталниот дел на САД, во моментов апсорбира една четвртина од CO₂ кој се апсорбира на копното годишно. Сепак, во 2024 година Амазон ја претрпе најлошата суша досега, а стапката на дефорација достигна околу 17 проценти. Под притисокот од климатските промени, дефорацијата, губењето на биодиверзитетот, водениот стрес и екстремните временски услови, научниците предупредуваат дека Амазон може да доживее опсежен колапс веќе до 2035 година.

Иднината на другите тропски шуми во светот, како оние во Конго и Југоисточна Азија, е неизвесна, главно поради недостиг на долгогодишни мониторинг податоци. Сепак, студии покажуваат дека нивната способност за складирање на јаглеродот опаѓа. Во Југоисточна Азија, јаглеродниот „синк“ е особено загрозен поради фрагментација на шумите од урбанизација, земјоделски активности или изградба на патишта. Една анализа од 2020 година за африканските шуми укажува на тоа дека иако тие заостануваат во споредба со другите региони во губењето на дрвјата, и овие шими почнуваат да покажуваат знаци на стрес.
Ванес Хубау, шумски еколог од Универзитетот во Гент, Белгија, нагласува: „Доволно е алармантно. Африканските тропски шуми изгледа се последниот човек кој стои. Целосните африкански шуми, оние што не се фрагментирани или намалени од човечките активности, почнаа да покажуваат зголемена смртност на дрвјата околу 2010 година.“
На COP26 во Глазгов, пред четири години, речиси 140 нации потпишаа декларација за запирање и враќање на губењето на сите шумски површини, вклучувајќи тропски шуми, до 2030 година. Сепак, светот значително заостанува од исполнување на оваа обврска, според извештајот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (UNEP) од 14 октомври.

Во моментов, околу 291 милион од вкупно 1,6 милијарди хектари тропски шуми се во висок ризик од загуба. Овие шуми се од клучно значење за луѓето, обезбедувајќи храна, рециклирање на дождовите, филтрирање на загадувањето и заштита од природни катастрофи.
Заштитата на овие шуми ќе бара троструко зголемување на глобалните финансиски инвестиции до 2030 година, достигнувајќи 300 милијарди долари, и шесткратно зголемување до 2050 година, до 498 милијарди долари, според UNEP. Овие средства ќе се користат за одржливо земјоделство, развој на одржливи синџири на снабдување, зголемена регулација и примена на законот.
Хубау додава: „Јаглеродниот синк на Амазонската шума веќе ја преминува критичната точка. Тоа покажува дека природните климатски буфери на нашата планета започнуваат да ги достигнуваат своите граници.“
Сите тропски шуми треба да бидат заштитени, дури и оние што веќе не се „синк“ на јаглерод. „Тие се огромни резервоари на јаглерод. Намалувањето на шумските јаглеродни синкови укажува дека мора да ги цениме јаглеродните залихи изградените со векови, или дури милениуми. Ако не ги заштитиме, тие ќе станат 'бомба' од дополнителен CO₂ во атмосферата“, вели Хубау.
Истражувањето на австралиските тропски шуми ја нагласува критичната состојба на глобалните шумски екосистеми и нивната способност да ги апсорбираат емисиите на јаглерод. COP30 претставува критичен момент за носење одлуки кои ќе влијаат на иднината на тропските шуми и климатската стабилност на планетата.
Климатските промени веќе предизвикуваат загуба на функцијата на шумите како јаглеродни синкови, дали со навремени мерки и финансиски инвестиции можат да се заштитат овие природни резервоари и да се забави процесот на глобална деградација е веќе друго прашање. Надежите се дека да, останува да видиме...