Астрономија и астронаутика
Астрономите од Европската јужна опсерваторија (ESO) открија необична структура околу бело џуџе – остаток од ѕвезда што одамна го завршила својот животен циклус. Откритието е направено со VLT телескопот (Very Large Telescope) во Чиле и отвора нови прашања за тоа како ваквите ‘мртви’ ѕвезди влијаат врз просторот околу себе.
Објавено на 12.01.2026 - 14:45

Омнибус
Ерих фон Деникен, најпознатиот ‘пророк’ на теориите за ‘древни астронаути’ и посети на вонземјани на Земјата во минатото, почина на 10 јануари 2026 година, на 90-годишна возраст, во болница во централна Швајцарија, потврди неговото семејство.
Објавено на 12.01.2026 - 14:15

Медицина
Новата Лабораторија за молекуларна биологија и геномика при ПМФ
Во значаен исчекор за модернизирање на македонскиот здравствен систем, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска официјално потпишаа договор за соработка со цел развој и примена на најсовремени молекуларно-дијагностички анализи, особено за онколошки пациенти.
Објавено на 09.01.2026 - 15:00

Електроника
Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на Влатко Костадиновски, соработник на списанието Емитер и ценет техничар во македонските медиуми. Роден во Скопје, Костадиновски уште од младоста ја негувал својата страст кон електрониката – прво како хоби, а потоа и како професионална определба.
Објавено на 08.01.2026 - 19:45

Телекомуникации
CB радиото, или граѓанска радио-врска, претставува систем за двонасочна безжична комуникација кој им овозможува на обичните граѓани да разговараат меѓусебно без користење на телефон, интернет или друга инфраструктура. Работи на фреквенции во опсегот 26,965MHz – 27,405 MHz (11-метарски опсег) и е наменето за лична, рекреативна и практична употреба.
Објавено на 08.01.2026 - 12:30

Автомобилска техника
Електричните возила (ЕВ) се претставуваат како иднина на транспортот: тивки, без издув и „зелени“. Меѓутоа, анализа на животниот циклус, потрошувачката на енергија, изворите на електрична енергија и технологиите на изработка на батерии откриваат дека концептот на „нулта емисија“ е премногу поедноставен и не се прикажуваат сите детали за загадувањето и еколошкиот отпечаток. Истовремено, модерните ЕВ‑а воведуваат нови форми на дигитална контрола и претплатни системи, кои значително ја менуваат природата на сопственост и користење на возилата.
Објавено на 05.01.2026 - 16:15

Енергетика
Во претходните две колумни објавени пред неколку дена беше нагласено дека главна причина за аерозагадувањето во Скопје и други градови во Република Македонија е греењето на домаќинствата и други објекти во кои престојуваат луѓе. Исто така, беа разгледани опциите за греење со огревно дрво и со градска топлификација. Во ова продолжение ќе бидат разгледани можностите за греење со природен гас и со топлински пумпи.
Објавено на 05.01.2026 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Се наоѓаме во точка од орбитата на Земјата околу Сонцето, која се нарекува перихел и сме најблиску до Сонцето, оддалечени од него „само“ 147,1 милиони километри!
Објавено на 04.01.2026 - 14:00

Екологија
Во претходната колумна беше нагласено дека главна причина за аерозагадувањето во Скопје и други градови во Република Македонија (РМ) е греењето на домаќинствата и други објекти во кои престојуваат луѓе. Беа наведени и други причини кои што имаат влијание, но тоа е доста помало.
Објавено на 02.01.2026 - 15:30

Астрономија и астронаутика
Целта беше да се создадат серија фотографии што ќе го документираат зајдисонцето на секој 21-ви во месецот (за ова повеќе во мај, кога ќе го имам и последниот залез )
Објавено на 29.12.2025 - 14:30

Pages