Информатика
Од OpenAI доаѓа GPT-4 – најновата верзија на системот за вештачка интелигенција што го напојува четботот. OpenAI вели дека новата верзија е уште покреативна, помалку пристрасна и со помала веројатност да фабрикува факти, споредено со нејзиниот претходник Chat GPT-3, кој привлече големо внимание.
Објавено на 17.03.2023 - 13:15

Автомобилска техника
Германскиот добавувач во автомобилската индустрија Continental, во соработка со партнерот trinamiX, пред извесно време претстави важна иновација – екран за идентификација на возачот, со интегрирана камера за биометриско препознавање на возачот. Системот ја освои CES Innovation Award 2023 во категоријата Vehicle Tech & Advanced Mobility на саемот CES 2023 во јануари во Лас Вегас.
Објавено на 16.03.2023 - 15:30

Историја и археологија
Свиток од Херкуланеум, Институт на Франција
Соочени со огромната и тешка задача за читање на јагленисаните остатоци од свитоци стари 2000 години пронајдени во луксузна вила во Херкуланеум, научниците распишаа конкурс со парични награди за секој што ќе успее да дешифрира дел од текстот од овие свитоци. Сметате дека имате шанси да освоите дел од пакетот од 250 000 американски долари? Читајте понатаму...
Објавено на 16.03.2023 - 15:00

Историја и археологија
Глинен сад со сликан дизајн, 650–800 н.е.
Античката керамика ја открива големината на империјата Вари, којашто била во полн цут во периодот помеѓу седмиот и единаесеттиот век на територијата на денешно Перу. Заедниците што живееле во време на оваа империја користеле материјална, а не пишана култура, така што нивната уметност и предмети им обезбедуваат на археолозите најдобар увид во нивната единствена историја.
Објавено на 15.03.2023 - 14:45

Роботика
Група специјалисти за роботика предводена од професорот Рафаело Д'Андреа од Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих создадоа нов робот во форма на коцка што има способност да балансира, додека е поставен на работ од коцката, и да ги компензира надворешните нарушувања одржувајќи рамнотежа. Зошто роботот наречен Cubli е уникатен? За разлика од неговите претходници, за одржување на рамнотежата тој користи само едно реакционо односно моментум тркало.
Објавено на 15.03.2023 - 13:15

Електротехника
Зимскиот сон заврши и време е одново да започнете со работа во градината и домашната работилница, секако со вистинскиот алат. Сите домашни ентузијасти секако ќе ги израдува новата понуда од една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, кои продолжуваат со нови промотивни изненадувања.
Објавено на 14.03.2023 - 16:45

Информатика
Истражувачите од холандската компанија ThreatFabric забележаа нова верзија на банкарскиот тројанец Xenomorph Android, кој неговите креатори, Hadoken Security Group, го нарекоа „ Xenomorph 3-та генерација “.
Објавено на 14.03.2023 - 13:45

Психологија
Многу наши навидум незначајни избори откриваат поприлично за нас како личност. Психолозите веќе претходно открија дека оние кои посвојуваат куче имаат поинаква личност од оние кои сакаат мачки, па дури и претпочитањето на една раса наспроти многу други открива детали за личноста. Истото важи и за друштвените игри – оние кои уживаат во играњето “Monopoly” имаат различен карактер од оние кои претпочитаат да играат “Човече не лути се”. A сега, на ред дојде и вкусот за вино. Се чини дека и она што претпочитаме да го налееме во нашата чаша открива многу за тоа кои сме.
Објавено на 13.03.2023 - 12:45

Геологија
Па добро, не баш сега и веднаш, но... За отприлика неколку стотина милиони години, Источноафриканскиот расцеп (односно тектонскиот расед) конечно ќе се подели. Притоа во настанатата празнина ќе се изнедри нов океан што ефективно ќе ја подели Африка на два дела – сомалиската плоча од едната страна на океанот и нубиската од другата страна на океанот. По оваа поделба, моментално континенталните држави, како Замбија или Уганда, ќе станат крајбрежни, а сомалиската плоча ќе се издвои целосно како остров.
Објавено на 13.03.2023 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Доколку постоеше уште една каменеста планета помеѓу Марс и Јупитер, таа би ја исфрлила Земјата од Сончевиот систем, вели новата студија што ја истражува градбата на Сончевиот систем, откривајќи ја неговата кревка поставеност.
Објавено на 10.03.2023 - 13:45

Pages