Енергетика
Многумина кај нас сé уште не веруваат дека Македонија ќе мора да ги затвори сите термоелектрани на јаглен до 2030 година и мислат дека сето тоа ќе остане само „мртво слово на хартија“. Сите тие најпрво нека го отворат документот, на страна 8, што нашата влада го поднела до секретаријатот на UNFCCC (United Nations Framework Convention on Climate Change, скратено UN Climate Change), а е насловен како Enhanced Nationally Determined Contribution.
Објавено на 03.10.2023 - 17:30

Физика
По вчерашната дискутабилна определба на Нобеловиот комитет за додела на награда за медицина и физиологија за мРНК технологијата, денес се најавени добитниците на Нобеловата награда за физика за 2023 година. Наградата се доделува „ за експериментални методи кои генерираат атосекундни светлински импулси за проучување на динамиката на електроните во материјата “.
Објавено на 03.10.2023 - 12:30

Информатика
Вториот ден од самитот за вештачка интелигенција, прв од овој тип којшто се организира во Скопје и Македонија, понуди повеќе интересни излагања на подиумот на МОБ. Предавањата се движеа во распон од интегрирање на вештачката интелигенција во роботиката и создавање на вештачко битие до практична примена на вештачката интелигенција во банкарството, авиоиндустријата, јавната администрација, земјоделството. Беа разгледувани аспектите на развој на вештачката интелигенција, начините на коишто таа го олеснува животот, но и некои интересни нуспојави што таа ги манифестира – пристрасноста, предрасудите и т.н. халуцинации, како и етичките имликации при примената на ВИ.
Објавено на 02.10.2023 - 23:15

Медицина
Повторно сме во тоа време од годината кога ги очекуваме најавите за добитниците Нобеловите наградите. Денес беа најавени добитниците на наградата за медицина и физиологија. Добитници се Каталин Карико и Дру Вајсман “ за нивното откритие во доменот на модификации на нуклеозидната база што овозможи развој на ефективни mRNA вакцини против ковид-19 ”.
Објавено на 02.10.2023 - 16:15

Психологија
Според британските истражувачи, изучувањето математика пред спиење води кон подобро задржување на она што сте го научиле. Нивните наоди беа објавени неодамна во списанието Royal Society Open Science.
Објавено на 02.10.2023 - 12:30

Информатика
Вештачката интелигенција денес наоѓа примена во речиси секоја пора во животот, дури и во најнеочекуваните работи и места. Имајќи предвид дека пејзажот на локалниот ИТ-сектор кај нас станува од година во година сè покомплексен, одржувањето на ИТ самит посветен на ВИ во Скопје се наметнува како логичка потреба како место за размена на идеи, искуства и, зошто да не, како своевиден пазар на трудот за ова поле.
Објавено на 30.09.2023 - 00:30

Информатика
Вештачката интелигенција (ВИ) и технологијата станаа водечки тренд кој свое место и примена во речиси сите сегменти од нашето живеење, дури и на најнеочекуваните места, дури на пример и во земјоделството, спортот, или во едукација. Ако се следи имагинацијата можностите што ги носи вештачката интелигенција за унапредување на истражувањата и иновативноста, развојот на бизнис стратегиите, планирањето и организацијата на производството, се бескрајни. Веројатно оттука и идејата за организирање на еден ваков голем настан каде ќе стане збор за сиве овие можности и начините на којшто би можеле да го отклучиме потенцијалот на оваа моќна алатка.
Објавено на 29.09.2023 - 01:45

Роботика
Пред Националниот оркестар на Кореја во Сеул неодамна застана еден мошне необичен диригент – робот. Хуманоидниот робот EveR 6 се поклонил кон публиката и започнал да диригира, контролирајќи го темпото на концертот што бил изведуван во живо.
Објавено на 28.09.2023 - 14:00

Архитектура и градежништво
После дискусијата со еден градежен инженер, како и врз основа на изјавата на еден владин чиновник дека „ не треба да не засега колку Грците ќе ги чини изградбата на браната на ПАХЕ Чебрен “, ќе се обидам да најдам одговор зошто цената на изградбата е двојно повисока отколку проценката на ЕСМ.
Објавено на 28.09.2023 - 13:30

Информатика
Денес, 27 септември 2023 година, Google го слави својот 25-ти роденден. Ова е очебијно и од цртанката посветена на денот кога во 1998 година основачите на компанијата, докторантите Сергеј Брин и Лери Пејџ, ја основаа нивната оперативна база, првата канцеларија на Google, во изнајмена гаража.
Објавено на 27.09.2023 - 17:15

Pages