Рубрика: Информатика
ВИ отвори нова ера во онлајн купувањето
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 29.10.2025 - 12:30

Најновата алатка со вештачка интелигенција, применета од најголемиот светски гигант за онлајн малопродажба Амазон, ветува дека ќе им ги олесни одлуките за купување на клиентите со избирање на ‘најдобриот’ производ за нивните корисници. Потегот на Амазон (Amazon) е дел од обемната трка помеѓу големите трговци на мало, технолошките и платежни гиганти во стремежот да ја претворат вештачката интелигенција од асистент за пребарување во вистински асистент за купување.

Американскиот ланец за малопродажба Волмарт (Walmart) се здружува со ОпенАИ за да им овозможи на клиентите да планираат оброци и да плаќаат директно преку ChatGPT. ОпенАи, исто така, додаде Instant Checkout на ChatGPT за директни купувања преку платформите Еци (Etsy) и Шопифај (Shopify).

Гугл (Google) ја интегрира вештачката интелигенција во пребарувањето производи и веќе има функција ‘пробај’ што им овозможува на корисниците да прикачуваат фотографии и да видат како изгледа облеката на нив. Visa и Mastercard се подготвуваат за порастот на ‘агентската трговија’, купувања направени од асистенти на вештачка интелигенција со нови безбедносни протоколи.

Амазон вели дека Help Me Decide (анг. Помогни ми да се решам) користи големи податоци и клауд технологија за анализа на шопинг активноста, деталите за производот и прегледите.

Потоа, вештачката интелигенција истакнува една врвна препорака, заедно со алтернативи за ‘надградба’ и ‘буџет’. Алатката е достапна преку апликацијата за купување на Амазон или на мобилен прелистувач.

Според Аксиос (Axios), функцијата би можела да покрене прашања за тоа како вештачката интелигенција на Амазон одлучува кои производи да ги претстави и дали платените промоции, партнерствата со брендови или сопствените линии на Амазон би можеле да влијаат на тоа кои производи се етикетирани како ‘најдобри’.

Клучни зборови: