Рубрика: Информатика
Open AI го претстави ВИ пребарувачот Atlas што директно му конкурира на Google
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 27.10.2025 - 16:00

Google и другите пребарувачи добија сериозна конкуренција откако минатата недела OpenAI го претстави ChatGTP Atlas, веб пребарувач заснован на вештачка интелигенција. Овој потег би можел да означи почеток на нова ера во веб пребарувањето.

OpenAI го објави лансирањето на својот пребарувач ChatGTP Atlas, кој користи вештачка интелигенција, и претставува голем исчекор во напорите на компанијата да го престигне Google како главен начин на кој луѓето наоѓаат информации преку интернет. Компанијата вели дека Atlas најнапред ќе биде достапен за macOS, а наскоро ќе добие поддршка и за Windows, OS и Android. Истакнато е дека производот станува достапен за сите корисници веднаш по лансирањето.

Пребарувачите мошне бргу станаа ново бојно поле во индустријата за вештачка интелигенција. Иако Google долго време доминираше во оваа област, постои чувство дека  чет-ботовите фундаментално го менуваат начинот на кој луѓето се служат со интернетот. Неколку стартапи веќе се обидоа да го искористат ова со лансирање на свои пребарувачи со вградени функции за вештачка интелигенција, додека Google и Microsoft се обидоа да се ажурираат, додавајќи функции за вештачка интелигенција за да ги направат своите традиционални производи позабележителни.

Вештачката интелигенција нуди единствена можност за редефинирање на улогата на пребарувачите и промена на начинот на кој луѓето го користат интернетот. Според она што го пишува Tech Crunch, новиот прелистувач Atlas е производ што можеби ќе доведе до укинување на застарените сервиси по децении на нивна доминација на интернетот.

Најпознатиот производ на Open AI, ChatGTP, во моментов го користат околу 800 милиони луѓе неделно, а се очекува некои од нив да се префрлат од прелистувачот Chrome на Google на Atlas. Губењето на овие корисници нема директни трошоци за Google, но ја ограничува можноста на компанијата да насочува реклами кон корисниците или да ги охрабрува да пребаруваат на Google.

Atlas моментално е во рана фаза на развој и не прикажува реклами, но Open AI е отворен за рекламирање во иднина. Новиот прелистувач може директно да собира контекст од прозорците на корисниците, што е многу вредни податоци за таргетирано рекламирање.

Клучни зборови: