Аеронаутика
Бригадниот генерал на воздухопловните сили на САД, човекот што прв ја проби звучната бариера, пилотот Чарлс Јегер
На 8.12.2020 г. почина легендарниот пилот Чарлс Јегер (Charles Elwood Yeager), првиот човек што леташе побрзо од звукот. Во историјата влезе на 14.10.1947 г., кога како пробен пилот, прв успеа да постигне брзина од 1,06 маха (М) со авион на ракетен погон (Bell X-1), и на тој начин да го пробие фамозниот „звучен ѕид“, со што започна нова ера во воздухопловството.
Објавено на 24.12.2020 - 10:45

Медицина
Pfizer и Moderna известија дека ефикасностите на нивните вакцини се 95% и 94%, соодветно. Што претставува ефикасност на вакцина? Дали ивермектинот како профилакса има ефикасност како и веќе одобрените вакцини против Ковид-19? Каков е протоколот за профилакса и ран амбулантски третман со ивермектин против Ковид-19?
Објавено на 23.12.2020 - 16:45

Информатика
Либра, дигиталната валута којашто Facebook ја престави минатата година сега има ново име – Diem.
Објавено на 21.12.2020 - 16:45

Информатика
Македонската дигитална маркетинг-агенција Media Solutions годинава по 11. пат го организираше изборот на Сајт на годината и од вкупно 533 номинирани сајтови прогласи по три победници во 18 категории. Изненадувачки и збунувачки, епитетот Сајт на годината 2020 го понесе фејсбук групата „Ковид19 – искуства и совети“. А позитивно изненадување за нас е што сајтот на Емитер се закити со сребрена плакета во категоријата „ИТ и електроника“.
Објавено на 20.12.2020 - 12:00

Информатика
На 16-ти декември, околку 15 часот по наше време, најсилната светска криптовалута за првпат во својата историја ја надмина вредноста од 20 000 долари. Последен пат во близина на оваа вредносна граница, а на помалите берзи и над неа, со биткоинот се тргуваше во декември 2017 година.
Објавено на 18.12.2020 - 12:00

Медицина
Доктор Тарек Алам од Бангладеш ѝ стана познат на светската здравствена јавност уште во мај, кога одекна веста дека успешно излекувал 60 болни од ковид-19 со помош на комбинацијата од ивермектин и доксициклин. Подоцна, во август, на оваа терапевтска комбинација, проф. Бороди од Австралија го додаде цинкот и ја промовираше таканаречената тројна терапија. Тој издаде јавен повик до сите австралиски лекари по општа пракса да го контактираат на неговиот професионален имејл за да го добијат протоколот за ран третман и профилакса со тројната терапија
Објавено на 17.12.2020 - 11:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на двајца нобеловци – францускиот физичар Анри Бекерел и американскиот астрофизичар Адам Рис. Го славиме и роденденот на еден од најголемите писатели на научнофантастични романи во 20 век – Артур Кларк и одбележуваме 50 години од слетувањето на сондата Венера 7.
Објавено на 15.12.2020 - 18:15

Екологија
Новата дигитална платфома Зелен Глас која е достапна за сите граѓани е дело на Колектив Зет – Young Friends of the Earth Macedonia, здружение кое делува за климатска и социјална правда, во соработка со SmartUp – Лабораторијата за социјални иновации.
Објавено на 14.12.2020 - 14:30

Омнибус
Во овој времеплов го славиме роденденот на ТВ Скопје и на иноваторот Ернст Сименс. Покрај ова го одбележуваме откритието на Нов Зеланд, детектирањето на најсјајната експлозија на нова во 20. век и освојувањето на Јужниот Пол.
Објавено на 13.12.2020 - 10:15

Аеронаутика
Досега неколкупати во Емитер сме пишувале на тема ултралесни летала. А во меѓувреме кај нас во Македонија, сè повеќе заживува трендот желбата да се лета да се надополни и да се оствари со набавка на сопствено ултра лесно летало. Ова лето, на една навидум обична средба со членови на АК Битола и претставници од дијаспората, воздухопловци од разни генерации, бевме сведоци на прелетот на ултралесното летало УЛВ Кора. Леталото го измина патот од спортскиот аеродром Стенковец во Скопје до Битола управувано од Васко Михалчев, искусен професионален пилот, но и инструктор и љубител на ултралесни летала.Досега неколкупати во Емитер сме пишувале на тема ултралесни летала. А во меѓувреме кај нас во Македонија, сè повеќе заживува трендот желбата да се лета да се надополни и да се оствари со набавка на сопствено ултра лесно летало. Ова лето, на една навидум обична средба со членови на АК Битола и претставници од дијаспората, воздухопловци од разни генерации, бевме сведоци на прелетот на ултралесното летало УЛВ Кора. Леталото го измина патот од спортскиот аеродром Стенковец во Скопје до Битола управувано од Васко Михалчев, искусен професионален пилот, но и инструктор и љубител на ултралесни летала.
Објавено на 11.12.2020 - 11:45

Pages