Информатика
Алката што недостасува во сечиј студентски живот! БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија), по 18 пат го организира Летниот академски курс. Овој настан, кој што прерасна во децениска традиција, е синоним за врвно студентско комплементарно образование, стручно доусовршување, но и интеркултурно запознавање со млади луѓе од сите краеви на Европа.
Објавено на 22.06.2023 - 14:30

Омнибус
Најголемата германска издавачка куќа Аксел Спрингер, која меѓу другото го издава и таблоидот Билд, најави масовни отпуштања и делумна замена на отпуштените работници со вештачка интелигенција, пренесуваат германските медиуми.
Објавено на 22.06.2023 - 11:00

Математика
Ако вонземјаните ни испратат порака, новиот математички пристап би можел да го открие бројот и големината на димензиите на пораката.
Една од најпознатите пораки што некогаш биле испратени во вселената претставува низа од 1679 бита испратени од радиотелескопот Аресибо во 1974 година. Но, ако Е.Т. ни испрати ваква низа, како ние Земјаните воопшто би можеле да започнеме да ја декодираме? Еден нов математички пристап предлага како тоа може да се изведе.
Објавено на 21.06.2023 - 18:45

Наутика
Тимови од целиот свет беа во трка со времето во обидите да се лоцира мини-подморницата и нејзиниот петчлен екипаж пред тие да останат без кислород.
Спасувачите, кои се обидуваат да ја пронајдат мини-подморницата што исчезна попат при обидот да го посети потонатиот брод Титаник, се соочуваат со огромна задача што ги тестира границите на техничкото знаење – со само мошне мали шанси за успех, велат експертите.
Објавено на 21.06.2023 - 12:15

Геологија
Земјата изгубила толку подземна вода наменета за згаснување на жедта на луѓето што тоа оставило мерлива трага во наклонот на оската на ротација на планетата. Имено, исцрпувањето на подземните акумулации од страна на човекот ја променило глобалната дистрибуција на вода толку многу што Северниот пол се поместува за повеќе од 4 сантиметри годишно.
Објавено на 20.06.2023 - 13:30

Метеорологија
Облаците со боја на виножито се колку спектакуларен, толку и природен феномен. Тие се формираат поради ледените кристали што лебдат во облаците, слично како и кај ѕуницата. Имено облакот со боја на виножито е висок, студен облак составен од многу ситни ледени кристали, што овозможуваат, благодарение на феноменот на рефракција и рефлексија, разбивање на сончевата светлина на нејзините составни бои. Оптичкиот процес е сличен на оној што ја овозможува појавата на ѕуница.
Објавено на 20.06.2023 - 12:30

Хемија
Печатењето на структури од кварцно стакло во микро и нанометарски размер, од чист силициум диоксид, отвора врата за многу нови апликации во оптиката, фотониката и полуспроводничките технологии. Досега, процесите се засноваа врз конвенционално синтерирање.
Објавено на 19.06.2023 - 13:00

Медицина
Почетокот на неделата е време кога се бележат најголем број фатални срцеви удари. Се чини дека рутинските промени типични за викендот имаат некаква врска со тоа. Според студијата презентирана за време на Конференцијата на Британското кардиоваскуларно друштво, најсериозните форми на срцев удар се јавуваат почесто во понеделник. Студијата собрала податоци за 10 528 ирски пациенти кои пристигнале во болница помеѓу 2013 и 2018 година со симптоми на STEMI (акутен миокарден инфаркт поврзан со подигање на ST-сегментот), најтешкиот облик на срцев удар кој се јавува при целосно блокирање на главната коронарна артерија.
Објавено на 19.06.2023 - 12:15

Информатика
Кога големите јазични модели од вештачката интелигенција (АИ) се обучуваат на податоци генерирани од машина, наместо на луѓе, тоа доведува до колапс на моделот, се вели во студијата на британски и американски истражувачи што се појави неодамна на предпринт серверот arxiv.org.
Објавено на 16.06.2023 - 16:30

Информатика
Со цел да ги стави во центарот на вниманието европските бизниси кои создаваат влијателни апликации и игри, #WeArePlay ја препозна компанијата GreenIT заедно со други две наши компании, како лидер на македонската стартап сцена. Така македонската мобилна апликација за одржливо живеење Challenger е избрана од Google Play за иновација која ја претставува земјава за европската кампања #WeArePlay.
Објавено на 16.06.2023 - 15:30

Pages