Физика
Деновиве како посебна атракција во интернет медиумот се експонира “Оксфордското електростатско ѕвонче” (Oxford Electrostatic Bell), кое заедно со неговата батерија за напојување се инсталирани во далечната 1840 година во лабораторијата на Универзитетот во Оксфорд (Oxford). Ѕвончето и батеријата наводно сè уште функционираат без прекин до ден-денес, односно, цели 177 години (!), што всушност претставува Гинисов рекорд (Guinness World Record) според бројот на отчукувањата на ѕвончето; повеќе од 10 милијарди пати! Нивниот толку долг животен век асоцира на “перпетуум мобиле”, па нормално е тој да побуди интерес за причината на којашто се должи тоа.
Објавено на 04.03.2018 - 00:00

Фототехника
Македонскиот центар за фотографија од 6 до 20 март организира курс по Oснови на дигиталната фотографија. Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на дигиталната фотографија преку обработка на следниве содржини: појава на дигиталната фотографија; дигитални фотокамери, мемориски картички...
Објавено на 26.02.2018 - 00:00

Аудио и видеотехника
Еднаш мораше и тоа да се случи – некој паметен да најде посериозна употреба на оние играчки што левитираат, во форма на глобус, Death Star, Space Ship, итн. Кај тие играчки поентата е само во стабилното лебдење на некој мал и впечатлив предмет, но кај грамофонот MAG – LEV дискот (заедно со...
Објавено на 24.02.2018 - 00:00

Астрономија и астронаутика
Сè уште не стигнавте да се свестите од лансирањето на Фалкон Хеви? Па, можеби и не мора да се свестувате. Како што сигурно знаете, при успешното лансирање од 6-ти февруари, Фалкон Хеви со себе носеше возило од марката Тесла Родстер со црвена боја коешто му припаѓаше на основачот и главниот извршен...
Објавено на 17.02.2018 - 00:00

Астрономија и астронаутика
Вселенската ракета "Falcon Heavy" е најнов производ на приватната американска фирма “Space X", која со своите претходни вселенски ракетни летала “Falcon 9" имаше видно учество во околу 40 разни комерцијални вселенски мисии. А еве сега, таа се појавува со најново вселенско ракетно летало, со...
Објавено на 10.02.2018 - 00:00

Астрономија и астронаутика
Космичките објекти во универзумот не се расфрлени во безредие во просторот, туку се здружени на многу различни начини под дејство на гравитациската привлечна сила. Така, ѕвездите во одделни галаксии ги гледаме здружени во разни групации, додека галаксиите ги гледаме здружени во галактички јата, што...
Објавено на 30.01.2018 - 00:00

Физика
Од страна на физичарите досега неколкупати беше најавувана евентуална појава на некоја “нова физика”, но, деновиве изгледа дека конечно таа е реалност! Имено, група истражувачи од Универзитетот Рочестер излегоа со соопштение во научното списание Nature Optics дека креирале нов вид честички, т.н. “...
Објавено на 25.01.2018 - 00:00

Астрономија и астронаутика
Дека главните складишта со наслаги од мраз на планетата Марс се неговите полови, научниците тоа го знаеле уште од порано, но исто така тие претпоставувале и дека извесен дел од површината на Марс содржи тенок потповршински мраз. Во тоа конечно се увериле од нивниот најнов наод, којшто пријатно ги...
Објавено на 23.01.2018 - 00:00

Електроника
Во овој краток прилог ви претставуваме конструкција на LED-светло со можност за емисија на светлина со црвена, зелена или сина боја (трите примарни бои на RGB-моделот) и на светлина добиена со адитивно мешање на примарните (жолта, цијан, магента и бела). Основната компонента на ова светло е модул составен од три низи од по десет сериски поврзани моќни светлечки диоди со црвена, зелена и сина боја, со вкупна моќност од 30W. Бојата на емитираната светлина се контролира само со вклучување и исклучување на напојувањето на соодветните светлечки диоди преку три засебни прекинувачи и не е вградена дополнителна регулација на интензитетот. Светлото е за општа намена, а може да се користи и како светло за експериментална фотографија или видео.
Објавено на 17.01.2018 - 00:00

Автомобилска техника
Нема шега: германскиот гигант за сериски спортски автомобили Порше со новиот прототип Mission E на голема врата влегува во врвот на светската понуда на спортски електрични автомобили. Во моментов единствен конкурент му е американскиот Tesla Model S. На самите слики се гледа модерниот надворешен...
Објавено на 02.01.2018 - 00:00

Pages