Омнибус
Здружението „Заеднички вредности“ успешно го спроведе проектот „Премостување на дигиталниот јаз: подобрување на животот на жените во руралните средини“, чија цел беше да ги унапреди животните услови на жените во руралните области преку оспособување за употреба на дигитални технологии и подобрување на нивните вештини.
Објавено на 01.07.2024 - 16:00

Електротехника
Учесниците од ФЕИТ на советувањето
Од 9 до 12 јуни во Шкларска Пореба, Полска се одржа деветтиот Симпозиум за применета електромагнетика – SAEM’2024 (9th Symposium on Applied Electromagnetics). Симпозиумот е во организација на Полското здружение за применета електромагнетика, а во коорганизација со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ во Скопје и Факултетот за енергетика при Универзитетот од Марибор.
Објавено на 01.07.2024 - 11:45

Информатика
Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“ на 12 ноември во Националната опера и балет во Скопје треба да се одржи седмата по ред годишна конференција за е-трговија, која веќе трета година има регионален карактер. Конференцијата ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.
Објавено на 01.07.2024 - 11:30

Енергетика
На 20 јуни во Центарот на трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се одржа настанот „Ден на одржлива енергија“. Еднодневниот настан се реализираше како дел од глобалната иницијатива на Европската комисија – Денови на одржлива енергија (Sustainable Energy Days), а нивна цел е промоција на користење на чиста енергија и енергетска ефикасност.
Објавено на 01.07.2024 - 10:45

Математика
Ако некогаш сте се прашувале дали постојат совршени броеви, одговорот е да. Совршените броеви не се прости, напротив. Тие се елегантно комплексни за разгледување, но и неверојатно ретки и тешки за пронаоѓање...
Објавено на 28.06.2024 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Како што беше и планирано, капсулата се врати на Земјата на 25 јуни и со себе ги донесе првите примероци од далечната страна на Месечината. Подвигот на кинеската лунарна мисија Chang'e-6 е историски – за прв пат вештачка сонда слета на површината на Месечината скриена од нас, зеде примероци од карпи и прашина, се врати во лунарната орбита каде што ја чекаше поголема сонда која ја “презеде одговорноста” за собраниот материјал и се упати кон Земјата. На 25 јуни капсулата слета во Внатрешна Монголија и на научниците им донесе уникатен материјал од нашиот сателит. Во очекување на ова враќање, научниците од Институтот за геологија и геофизика на Кинеската академија на науките ги објавија во списанието The Innovation своите хипотези за што може да најдат во примероците од Chang'e-6.
Објавено на 28.06.2024 - 13:45

Аеронаутика
На 29 јуни од 19 часот во хотелот Монтана во Крушево ќе се прослави јубилејот: 50 ГОДИНИ Ултралесна авијација, 50 ГОДИНИ Крила за слободно летање - змејови и параглајдери, и 50 ГОДИНИ Хели клуб.
Објавено на 25.06.2024 - 14:45

Фототехника
Зрно фестивалот, и покрај понижувачката поддршка од министерството за култура, годинава ќе го има своето трето издание. Во моментов, во Темишвар, Романија, е поставена изложбата на дела настанати на минатогодишните работилници за благородни фотографски процеси, кои се одржаа во село Цапари, во прекрасниот простор на семејството Филевски. Годинава, Зрно има уште побогата и поквалитетна програма.
Објавено на 25.06.2024 - 14:30

Физика
Истражувачите развија нова техника за мерење на силите што функционираат нанано размери во течен медиум, за која велат дека може да го револуционизира нашето разбирање за добар дел од биолошките и физичките феномени.
Објавено на 24.06.2024 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Роверот на НАСА Истрајност (Perseverance) кој од 2021 година го истражува кратерот Језеро на Марс, достигна област од значителен научен интерес. Додека беше на пат кон областа наречена Светлиот ангел (Bright Angel), тимот на НАСА направи интересни геолошки откритија во еден древен речен канал. Светлиот ангел има карпест релјеф во којшто е можно да се најдат древни карпи што биле изложени на речната ерозија или седимент што го исполнил каналот.
Објавено на 24.06.2024 - 15:30

Pages