Астрономија и астронаутика
Веќе некое време знаевме дека на половите на Марс и под неговото тло има мраз, но сѐ уште не беше јасно дали мраз може да опстои и на површината од остатокот од Црвената планета. Со доаѓањето на зимата на Марс, врвовите на неговите најголеми вулкани осамнаа покриени со мраз – уште еден пример за вода достапна на Црвената планета
Објавено на 14.06.2024 - 16:45

Биологија
Дел од ледената покривка на Гренланд е со мраз поцрнет од алги
Дански научници открија џиновски вируси на површинскиот мраз на Гренланд. Овие организми се гигантски во релативна смисла – со пречник од околу 2,5 микрометри наспроти пречникот од 0,02-0,2 микрони кај типичните вируси, и имаат геном којшто е околу 10 пати подолг. Иако овие микроби се „џинови“, сè уште е невозможно тие да се видат без микроскоп.
Објавено на 14.06.2024 - 13:45

Психологија
Дали гума за џвакање може да ви помогне полесно да го завршите средното училиште? Не! Ама, навистина не! A сепак... одредени мали, но интересни истражувања се чини дека го потврдуваат впечатокот што многумина го имаат – дека мастиките промовираат концентрација, особено при учењето. Оваа неочекувана помош е опишана во истражувањето објавено во British Journal of Psychology, кое предлага дека гумата за џвакање може да помогне во одржување на концентрацијата за подолго време при активности кои бараат постојано внимание.
Објавено на 14.06.2024 - 13:00

Психологија
Една американска студија покажа дека кучињата од засолништата кои во нивниот бокс се сместени со добро избран придружник се помалку под стрес и побрзо се посвојуваат отколку кучињата кои се сместени сами.
Објавено на 13.06.2024 - 18:45

Архитектура и градежништво
Дали е на повидок нов градежен тренд инспириран од животинскиот свет? Асоцијацијата на прв поглед се чини претерана, но изградбата на објекти со намерно проектирани структурни слабости може да помогне да се спречи катастрофален колапс во случај на земјотрес – иновација инспирирана од „слабите точки“ во опашката на гуштерот што тој намерно ја отфрла за да се спаси од предатори.
Објавено на 13.06.2024 - 14:00

Наутика
Речиси една година по несреќата на подморницата Титан, американскиот милијардер Лери Конор започна нов предизвик со цел приватно истражување на потонатите остатоци од Титаник, познатиот прекуокеански брод што потона во близина на канадскиот брег по судир со санта мраз во ноќта на 14 април 1912 година.
Објавено на 12.06.2024 - 16:00

Екологија
Еден медицински тим – широка соработка на повеќе универзитети во Кина, во нивниот труд што ќе биде објавен во Science of the Total Environment, известува дека откриле различни видови на микропластика во секој од примероците на семена течност собрана од вкупно 40 мажи избрани од општата популација.
Објавено на 12.06.2024 - 13:00

Медицина
Во првото клиничко испитување за примена на генска терапија за двете уши кај едно лице се постигнати неверојатни резултати. На 5 деца родени со форма на вродена глувост им бил вратен слухот. Две од децата дури се стекнаа можност да уживаат во музика.
Објавено на 11.06.2024 - 18:30

Биологија
Според една нова студија, објавена деновиве во Nature Ecology & Evolution, дивите африкански слонови од саваните, поточно видот Loxodonta africana, сосема извесно разговараат меѓу себе обраќајќи си се едни кон други исто како што тоа го прават луѓето – користејќи лични „имиња“.
Објавено на 11.06.2024 - 15:30

Информатика
Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема Game Design. Се работи за втор настан во низата организирана во склоп на MGI Meetups Presents бесплатни настани посветени на сегменти од развивањето на видео игри.
Објавено на 10.06.2024 - 17:45

Pages