Историја и археологија
Еден од свитоците од Херкуланеум што се јагленосале при ерупцијата на Везув
Тројца истражувачи – студенти од Египет, Швајцарија и САД, освоија вкупно 700 000 американски долари за дешифрирање на дел од антички текст од свиток јагленисан при ерупцијата на планината Везув во 79 година од новата ера. Се работи за реализација на предизвикот лансиран лани, попознат како Предизвик Везув (Vesuvius Challenge).
Објавено на 07.02.2024 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Набљудувањата од вселенскиот телескоп Веб понудија директен поглед во иднината на Сончевиот систем – моментот кога Венера, Меркур и можеби Земјата ќе бидат проголтани од Сонцето.
Објавено на 07.02.2024 - 12:15

Информатика
AlphaGeometry, новиот модел на вештачка интелигенција од Google, се натпреваруваше со победниците на Меѓународната математичка олимпијада. Еве како помина.
Објавено на 06.02.2024 - 13:45

Биологија
Од 2003 година, портокалово-белата риба-кловн (Amphiprion ocellaris) автоматски ја “препознаваме” како Немо, главниот јунак на познатиот цртан филм на Pixar – рипчето со оштетена перка, чијшто безгрижен живот е нарушен кога го киднапираат луѓе и го раздвојуваат од неговиот татко. Студијата објавена во Journal of Experimental Biology, ни открива дека рипчињата како Немо немаат баш безгрижен живот, дури и кога не ги киднапираат. Имено, рибата-кловн е мошне територијална и без двоумење ги напаѓа другите риби – натрапници на нејзината територија. Но, имајќи предвид дека постојат околу триесет различни видови на риба-кловн, како тогаш овој вид ги разликува натрапниците? Одговорот е мошне интересен. Според новото истражување, се чини дека видот Amphiprion ocellaris знае да брои...
Објавено на 05.02.2024 - 18:45

Телекомуникации
Целиот свет разбра за најпрецизното слетување на Месечината на јапонскиот лунарен модул SLIM (Smart Lender for Investigating Moon) на 19.12.2023 и проблемите што модулот ги имал со фотонапонските панели поради превртувањето. Малкумина знаат дека SLIM пред самиот тачдаун на само 1,8 m висина над месечевата површина исфрлил уште два други ровери, LEV-1 и LEV-2 (Lunar Excursion Vehicles), дело на јапонските радиоаматери.
Објавено на 05.02.2024 - 15:30

Физика
Фотографијата во прилог е направена со долга експозиција од Меѓународната вселенска станица на 21 јануари 2024 година, додека таа се наоѓала над Тихиот Океан, североисточно од Папуа Нова Гвинеја. На сликата ја гледаме Земјата обвиткана во „воздушест ореол“, луминисцентна лента произведена од одредени хемиски интеракции т.н. хемилуминисценција, што се случуваат на висина помеѓу 80 и 600 km од површината на Земјата.
Објавено на 02.02.2024 - 14:45

Медицина
Соединетите американски држави се соочуваат со епидемија на сексуално преносливи болести. Во 2022 година, која е последна година за која има информации, биле регистрирани 2,5 милиони случаи на хламидија, гонореја и сифилис. Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) го вклучи алармот по Извештајот за надзор за сексуално преносливи инфекции. Иако извештајот открива дека хламидијата, последните неколку години останува како доминантна инфекција помеѓу сексуално преносливите болести, со регистрирани преку 1 758 000 случаи, она што особено загрижува е порастот на случаите со сифилис. Имено, во последните 5 години бил забележан пораст од 80%, и зголемување за 17% во однос претходната, 2021 година.
Објавено на 02.02.2024 - 13:45

Аеронаутика
Мистеријата стара 87 години можеби е решена. Истражувачкиот тим Deep Sea Vision од Јужна Каролина, САД, тврди дека ги идентификувал остатоците од еден од најпознатите авиони во историјата на американската авијација: оној со којшто Амелија Ерхарт ненадејно исчезна на 2 јули 1937 година над Тихиот океан, заедно со нејзиниот навигатор Фред Нунан, при обидот да стане првата жена која со авион прелетала околу светот .
Објавено на 01.02.2024 - 12:45

Омнибус
Бирото за конвенции и посетители (Convention and Visitors Bureau – CVB) на градот Лексингтон во Кентаки, САД, доби навистина оригинална идеја за промовирање на туризмот – тие испратија покана до евентуалните вонземски посетители, користејќи инфрацрвен ласерски зрак. Пораката била насочена кон егзопланети во сончевиот систем Трапист-1, сместен на 40 светлосни години од нас. Планетите, сместени во т.н. животна зона веќе се посочени од астрономите и од астробиолозите како места каде е можно да се развил живот. Пораката треба, всушност, да привлече одредено внимание кон градот Лексингтон и неговото живописно опкружување – зелените полиња, брановидните ритчиња, фармите со коњи, дестилериите на бурбон...
Објавено на 31.01.2024 - 14:30

Информатика
Компанијата Neuralink за првпат успешно вгради еден од своите безжични чипови во човек. Илон Маск, којшто е еден од основачите на компанијата, објави на X дека производот се вика Телепатија (Telepathy). Симболично, нема што. Според компанијата, нивна цел е да им се помогне на луѓето со сложени невролошки состојби да водат поквалитетен живот, овозможувајќи враќање на видот или подвижноста во екстремитетите, на пример, но првично да помогне овие лица да користат компјутери и мобилна технологија.
Објавено на 31.01.2024 - 12:15

Pages