На 21 и 22 ноември 2025 година WITCON 2025, конференцијата за вештачка интелигенција, технологија и иновации, ќе обедини 59 светски говорници и над 450 интернационални делегати од повеќе од 60 земји, визионери кои ја редефинираат иднината на дигиталниот свет.
Ова издание на WITCON, глобален онлајн настан на 21-ви ноември и со физичка програма во Marriott Hotel Skopje на 22-ри ноември, ќе биде платформа каде што ќе се сретнат идеи, искуства и стратегии од најголемите компании и институции во светот. Говорници од компании како Microsoft, NOKIA, Mercedes-Benz Mobility, ABN AMRO Bank, HalkBanka, Intertec, Titan Usje, A1, Deltatre, Valtech, Slice, G+ D Netcetera, Creative Hub, Startup Club Skopje, Women in Tech Global, Metergram, Infinum, Proxiad, Ethereum Macedonia, ФИНКИ, IT:U и многу други глобални организации, стартапи и академски центри ќе го споделат своето, знаење, искуства и последни трендови во индустријата.

Меѓу најистакнатите говорници ги споделуваме следниве имиња со нивните теми на WITCON:
Темите ќе опфатат широк спектар на современи предизвици: од AI во образованието, дигитална доверба и сајбер безбедност, до етичка технологија, стартап екосистеми, здравство, e-mobility и иднината на работата.
Оваа година, WITCON ги обединува гласовите на говорници од Македонија, САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Италија, Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Канада, Монголија, Израел, Индија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, создавајќи вистинска глобална сцена на идеи и визија.
Со комбинација од креативност, знаење и енергија, WITCON 2025 ја надминува формата на класична конференција и станува место каде идеите оживуваат, а новите партнерства создаваат идни можности. Картите се достапни на овој линк.
За сите кои сакаат да бидат дел од највлијателниот технолошки настан во регионот и да слушнат идеи што го менуваат светот, WITCON 2025 е местото каде што иднината започнува.
--- промотивна објава ---