Хемија
Молекулите на јаглерод и азот во облик на прстен можат да формираат ароматични врски што мошне тешко можат да се прекинат.
Ароматичните врски, особено силните хемиски врски кои се формираат кај некои молекули во облик на прстен, претставуваат клучна конструкциска алка во светот околу нас. Тие се појавуваат насекаде – од протеини до аспирин, и во буквално милиони природни и синтетички супстанции помеѓу нив. Овие врски мошне тешко се раскинуваат и се контролираат, а нивните својства ги збунуваат хемичарите повеќе од еден век. Но, токму тоа ги поттикнало хемичарите да се обидат да ги скршат и контролираат овие молекули.
Објавено на 19.04.2023 - 12:15

Телекомуникации
На денешен ден, во 1925 година во Париз, се формирала Интернационалната унија на радиоаматерите (IARU – International Amateur Radio Union), па затоа секој 18 април, радиоаматерите ширум светот го прослават како Светски ден на радиоаматерството. Радиоаматерството е хоби со кое се занимаваат милиони луѓе од сите возрасти низ целиот свет. Радиоаматерите се љубители на радиотехниката, електрониката и телекомуникациите, а со своето експериментирање, користејќи радиоуреди од сопствена изработка, биле првите кои откриле дека преку радиобрановите од краткобрановото подрачје може да се комуницира со целиот свет. Подоцна, комерцијалната употреба на кратките бранови ги ограничиле радиоаматерските комуникации само на неколку краткобранови фреквенциски опсези, кои и денес постојат и се употребуваат од радиоаматерите на целата Земјина топка.
Објавено на 18.04.2023 - 16:15

Информатика
Сајтот Kuwait News ја претстави Феда – презентер на вести генериран од вештачка интелигенција. Претставниците на овој кувајтски медиум планираат виртуелната презентерка во иднина да ги чита вестите објавени на страницата, а наскоро можеби и на социјалните мрежи.
Објавено на 18.04.2023 - 12:30

Фототехника
Минатата недела во просториите на галеријата Рудиќ, во населбата Јане Сандански (нов Аеродром), беше отворена клупската изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“.
Објавено на 18.04.2023 - 11:45

Информатика
Најголемиот технолошки настан во Европа – Конференцијата „Tomorrow“, на која ќе се соберат повеќе од 10 000 познавачи и љубители на блокчејн и вештачка интелигенција, ќе се одржи во Белград во Штарк арена од 12 до 14 мај. Српската престолнина по вторпат ќе биде домаќин на ваков настан, што, според организаторите, е уникатно технолошко искуство кое во четири дена на едно место ќе ги собере светските имиња од областа на вештачката интелигенција (АИ), блокчејн, игри, метаверс и Web3.
Објавено на 13.04.2023 - 14:30

Климатологија
Описите на затемнувањата на Месечината напишани од монаси и други учени луѓе од средновековието, им помагаат на научниците во утврдување на ефектите од древните вулкански ерупции.
Објавено на 13.04.2023 - 12:30

Биологија
Риба-полжав од родот Liparis, роднина на рибата снимената во бездната на Јапонското Море
Во длабочините на Јапонското Море за првпат е снимена риба која живее на длабочина од повеќе од 8 километри под нивото на морето. Веста прв ја објави BBC, а таа уште еднаш ги потврди теориите за опстојувањето на жив свет на овие екстремни длабочини.
Објавено на 12.04.2023 - 18:15

Информатика
Германија би можела да го следи примерот на Италија и да го блокира ChatGPT поради безбедносни грижи, изјави германскиот комесар за заштита на податоци Улрих Келбер за весникот Habdelsblatt.
Објавено на 12.04.2023 - 09:45

Психологија
Не, не... секако дека носот нема да расне до недоглед со секој неточен исказ. Ако се сомневате дека си имате работа со лажго, прашајте го да ви даде колку што е можно повеќе детали за приказната – ако лаже тој ќе ги измисли и ќе падне во контрадикторност...
Објавено на 11.04.2023 - 11:30

Информатика
Австралиската влада објави дека ќе ја отстрани апликацијата TikTok од сите уреди во сопственост на федералната влада поради безбедносни причини. Потегот на австралиската влада би можел повторно да ги разгори дипломатските тензии помеѓу Канбера и Пекинг, кои се намалија откако лидерот на лабуристите Ентони Албанес стана на чело на австралиската влада, објави Ројтерс. Јавниот обвинител Марк Драјфус во изјава рече дека забраната ќе стапи на сила што е можно поскоро можно, додавајќи дека исклучоците ќе бидат можни од случај до случај.
Објавено на 11.04.2023 - 10:00

Pages