Најлошиот момент/час/време (кажете како сакате) во текот на денот е ист за сите и има прецизен тајминг: пет наутро. Тим американски научници успеал точно да го пресмета. Еве како...
Истражувачите од Универзитетот во Мичиген и од Дартмут Хелт, мрежа на здравствени установи и услуги во Њу Хемпшир (САД), ги испитале активностите на преку 2600 медицински практиканти за да разберат како им се менуваат циклусите на расположение во текот на денот. За ова користеле безжични уреди за носење кои следеле низа параметри на “субјектите”, како што се бројот на направени чекори во текот на денот, извршените движења, отчукувањата на срцето, квалитетот на сонот итн.
Податоците собрани во период од две години, во комбинација со самоевалуациските извештаи од стажантите, покажале дека дневниот циклус на расположение ја достигнува најниската точка околу пет часот наутро, без оглед на тоа во колку часот ќе се разбудите, а највисоката точка околу 17 часот.
Недостатокот од сон исто така ги прави промените во расположението поинтензивни, влошувајќи го вашето расположение во текот на денот. Затоа, за некој што останува буден цела ноќ, зората може да биде уште подепресивна отколку за некој што штотуку се разбудил. Според научниците, нашето расположение затоа го следи ритамот што го диктира внатрешниот часовник, чие влијание се зголемува доколку останеме будни подолго.
Се разбира, оваа студија не е без недостатоци. Имено, на тимот му се забележува анализирал прилично мал примерок во речиси исти услови. Па тој примерок може и да не ја одразува прецизно сложеноста и нијансите на варијации во расположението и како влијание притоа имаат фактори како што се социјалната динамика, распоредот на обврски и темпераментот на субјектот. На пример, истражувачите забележале дека неколку учесници останале будни повеќе од 18 часа во текот на денот.
Како и да е, научниците сметаат дека целата студија е добар пример за тоа како современите секојдневни дигитални алатки, како Fitbit, можат да се употребат ефективно за научни цели и истражувања.
Извор New York Post