Информатика
Гугл соопшти дека добил привремен судски налог да ја запре дистрибуцијата на малициозен софтвер CryptBot кој краде податоци од уреди што работат на оперативниот систем на Мајкрософт, Windows. CryptBot првпат беше забележан во декември 2019 година.
Објавено на 02.05.2023 - 12:15

Медицина
Уште на почетокот на вакциналната кампања против ковид-19 во светот, СЗО излезе со аргумент дека корист т а од вакцините далеку ги надминува штетите. Нашето МЗ и ВФ само го препишаа и прочитаа тоа штуро соопштение, што многумина не го разбраа како што треба. Немаше никакво објаснување, па веднаш се појавија и многу отпори кон вакцините. Од друга страна, во медиумите имаше агресивна анти-вакс кампања, што создаде слика дека луѓето повеќе умирале од вакцината, отколку што спречувале умирање од ковид.
Објавено на 30.04.2023 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Во сенка на возбудата по претставувањето на првите четворица астронаути што ќе бидат лансирани на пат околу Месечината следната година, некако под радар помина веста дека вселенска компанија Астролаб, со седиште во Хоторн, Калифорнија, постигнала договор со SpaceX за лансирање на сопствен ровер за помош на астронаутите на површината на Месечината. Роверот FLEX (од Flexible Logistics and Exploration) треба да биде дел од мисијата на НАСА со вселенското летало Starship.
Објавено на 28.04.2023 - 19:30

Астрономија и астронаутика
Виолетовата “мачканица” на сликата од блиската радиогалаксија нам можеби и не ни изгледа кизнае како, но за научниците таа е мошне возбудлив прв поглед во непознатото. Имено, сликата ја прикажува сенката на супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата Месиер 87 (М87) заедно со моќниот енергетски млаз кој излегува од неа...
Објавено на 28.04.2023 - 16:45

Геологија
Дупката во морското дно именувана како Оазата на Питија, во близина на брегот на Орегон, од каде извира мистериозната мрсна течност.
На оддалеченост од околу 80 километри од Њупорт, крајбрежен град во Орегон (САД), во водите на Тихиот Океан, група научници откри чуден извор на длабочина од еден километар. Имено, од пукнатина на морското дно блика млаз топла и мрсна течност чијшто хемиски состав е мошне различен од околните води.
Објавено на 28.04.2023 - 12:00

Омнибус
Вештачката интелигенција наскоро ќе може да им помага на децата во учењето и подобувањето на нивните оценки вели Бил Гејтс, додавајќи дека четботите веќе би можеле да ги научат децата да пишуваат во следните 18 месеци.
Објавено на 27.04.2023 - 16:00

Енергетика
Еве една вест што пред некоја година ни проминала “под радар” но сепак вреди да се пренесе, дури и со задоцнување: Тим на научници демонстрирал дека енергија може да се добие од извор на којшто повеќето од нас никогаш не би ни помислиле – тоалетна хартија!
Објавено на 27.04.2023 - 15:00

Информатика
Освежувањето што доаѓа од компанијата зад Tiktok стана исклучително популарно во последните недели. Бројот на корисници на апликацијата Lemon8 расте од ден на ден, додека сѐ почесто се слуша прашањето – дали се работи за потенцијална замена за Tiktok, во случај на целосна забрана, или пристигна уште една „задолжителна“ апликација?
Објавено на 26.04.2023 - 15:00

Омнибус
Со музиката на унгарскиот великан Франц Лист и делото за пијано „Легенда – Свети Фрањо оди по брановите", во изведба на наградуваниот млад пијанист Арсениј Ангелевски од Државното музичко училиште во Битола, започна свечениот старт на прославата посветена на оваа значајна годишнина на УКЛО.
Објавено на 26.04.2023 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Слика од екранот со телеметриските податоци
Јапонскиот лендер Хакуто-Р (Hakuto-R) на компанијата Испејс (ispace) не успеа во обидот да влезе во историјата како прво вселенско летало од една приватна компанија и прво јапонско летало што успешно извело контролирано слетување на површината на Месечината. По испраќањето на неколку спектакуларни фотографии направени при приближувањето на леталото кон Месечината, ispace изгуби контакт со Хакуто-Р вчера во 18 часот и 40 минути по македонско време (16:40 GMT).
Објавено на 26.04.2023 - 12:00

Pages