Откако го помина најопасниот дел од нејзината прошетка низ внатрешниот дел од Сончевиот систем и ја преживеа блиската средба со Сонцето, изминативе неколку дена на ноќното небо над Македонија (а и пошироко ) непосредно по зајдисонце со голо око забележлива e кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS, наречена и комета на векот. Во продолжение ви пренесуваме повеќе прекрасни фотографии од кометата направени од повеќе локации низ Македонија, но и од Европа.
Кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS фотографирана над Скопје (фотоапарат: Canon R5, објектив: Canon 100-500mm @200mm f6.3 ISO 1600 Exp 4 sec) Автор: Боби Кузмановски
Комета со контра опашка. C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS фотографирана од тврдината Кале во Скопје, на 14.10.2024 (фотоапарат: Canon R5, објектив: Canon 100-500mm @100mm f4.5 ISO 1600 18x4sec) Автор: Боби Кузмановски
Кометата над едно од најстарите езера во светот, единствен сведок што ја видел кометата повеќе пати, и што пак ќе ја види. Фотографирано од охридските плажи Горица 2 и Горица 3 со опрема: Nikon D610, Nikon Z6, Nikkor 24-70 f4s, Sigma 35 1.4 art, Sigma 85 1.4 art, Nikkor 70-200 f2.8G VR, Sigma 120-400 f4.5-5.6 OS, Dji Air 3 Автор: Димитар Бирачоски од Охрид
Кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS снимена од месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Фото: Семејство Бабамови
Кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS над Охридско Езеро Автор: Стојан Стојановски, Охридска Астрономска Асоцијација
Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС над штипското небо. Фотографирано на 15.октомври 2024 година со Nikon Z50 плус Nikkor DX 50-250mm (во период од 18:55 до 19:30 часот) Автор: Миле Кокотов
Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС 'удира' во Пелистер над Битола. Фотографирано со Nikon Zf 24-120mm. Автор: Ивона Кочов
Кометата над Скопје, фотографирано на 13.10. 2024 г од видиковец кај паркингот кај Кале, при мошне добри услови за набљудување и фотографирање. Автор: Емил Новевски
Кометата Атлас, во придружба на М5, збиеното ѕвездено јато во соѕвездието Змија. Автор: Стојан Стојановски, Охридска Астрономска Асоцијација
Кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS снимена над Јенкепинг, Шведска Автор: Мартина Наумова
Им благодариме на Скопското Астрономско Друштво, на Охридската Астрономска Асоцијација и на секој од авторите посебно за прекрасните фотографии. Секако, ако и вие имате убава фотографија од кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS може да ја испратите до редакцијата, или да ни испратите линк до вашата фото објава, а ние со задоволство ќе ја вклучиме во галеријата.
Накратко за кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS: Кометата за првпат е забележана на 9 јануари 2023 година, кога кинеската опсерваторија Цучиншан, наречена Опсерваторија на Пурпурната планина, лоцирана во близина на Нанџинг, ја забележа кометата во правец на соѕвездието Змија. Во тој момент таа се наоѓаше на 7,7 астрономски единици или преку милијарда километри од нас, поточно помеѓу Јупитер и Сатурн. Kометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS за првпат по 80 000 години поминува низ Сончевиот систем и веќе ја преживеа блиската средба со Сонцето. На небото е видлива веќе неколку дена и со голо око, во правеч запад, во вечерните часови, веднаш по зајдисонце. Во наредните денови кометата ќе биде забележлива сѐ повисоко и повисоко на небото, но истовремено нејзиниот лик ќе станува сѐ поблед како што ќе се оддалечува од Сонцето и од Земјата. Така за неколку дена веќе ќе биде невоможно да се види со голо око.
Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС 'удира' во Пелистер над Битола. Фотографирано со Nikon Zf 24-120mm. Авторка на фотографијата е битолчанката Ивона Кочов.
C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS фотографирана од тврдината Кале во Скопје, на 14.10.2024 Автор: Боби Кузмановски