Хемија
Истражувачите развија филтер кој може да ги убие бактериите во водата за пиење користејќи само сончева светлина и малку јаглеродни наноцевки. Филтерот, опишан во трудот објавен неодамна во npj Clean Water, има потенцијал да се покаже како корисен прочистувач на места без пристап до сигурна вода за пиење.
Објавено на 08.04.2022 - 13:45

Физика
Зградата на Фермилаб
По една деценија работа, тим од повеќе од 400 научници испорача неверојатно прецизно мерење на субатомската честичка W бозон. На општо изненадување, мерењето не ги даде баш резултатите што истражувачите ги очекуваа, кои го ставаат “во колизија“ со Стандардниот модел на физика на честички.
Објавено на 08.04.2022 - 12:30

Биологија
Бела детелина (Trifolium repens) во цвет
Човекот веќе одамна ја менува планетата и радикално трансформира многу екосистеми. Градовите и урбаните области воопшто, се веројатно најтешко погодени – толку различни од нивната природна состојба што флората и фауната брзо се развиваат како одговор на оваа трансформација.
Објавено на 07.04.2022 - 14:15

Медицина
Најава за финалната рунда тестирања на П роксалутамид, анти-андрогенскиот лек на кинеската фирма Кинтор, како лек за ковид-19 пристигна кон крајот на минатата година. Лекот е едноставен за употреба, се администрира орално и во старт се проценуваше дека има потенцијал за намалување на смртноста за 78% во најтешките случаи. Покрај ова тој нуди уште една поволност – неговата ниска цена.
Објавено на 06.04.2022 - 15:00

Медицина
Дали производите за нега на кожа што содржат храна може да бидат опасни за пациентите со воспалителни заболувања на кожата? Едно ново истражување, чиишто резултати се објавени неодамна во научното списание Clinical & Experimental Allergy, укажува на тоа дека лицата кои патат од воспалителни проблеми на кожата треба да избегнуваат да користат производи за нега на кожата кои содржат прехранбени производи, како што е, на пример, козјото млеко.
Објавено на 06.04.2022 - 12:45

Информатика
Германските истражители во вторникот затворија даркнет продавница на руски јазик за којашто велат дека била специјализирана за трговија со дрога. Притоа биле запленувати биткоини во вредност од 23 милиони евра.
Објавено на 05.04.2022 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на масивната, новоформирана егзопланета наречена AB Aurigae b.
Вселенскиот телескоп Хабл директно фотографираше докази за формирање на протопланета слична на Јупитер во “ интензивен и насилен процес “, според зборовите на истражувачите. Откритието од во прилог на долго дебатираната теорија за начинот на којшто се формираат планети како Јупитер, наречена „ нестабилност на дискот “.
Објавено на 05.04.2022 - 13:45

Архитектура и градежништво
Урбаните горештини се сè поопасен убиец, состојба што само ќе се влошува со климатските промени и постојаниот пораст на просечните сезонски температури. Добра вест е тоа што дрвјата во градот претставуваат еден од најефикасните начини за ладење – едно дрво може да испушти стотици литри вода на ден, обезбедувајќи природно ладење подобро од многу климатизери, но сè дури дрвото има доволно вода за живот. Tим австралиски истражувачи откри ‘трик’ за собирање на атмосферската вода со којшто природното ладење од дрвјата станува уште поефикасно.
Објавено на 04.04.2022 - 13:45

Медицина
Севкупната слика изгледа како да се поставува сцената за нов раст на бројките. Имунитет од прележување од сите соеви пред омикрон сојот забрзано се губи, со многу поголемо темпо од стекнувањето нов имунитет од прележување на BA2 „стелт“ сојот. Единствено затоплувањето на времето од средината на неделата може да превагне во позитивна насока, но тоа треба допрва да го утврдиме.
Објавено на 04.04.2022 - 12:00

Информатика
Дали конечно ќе може да видиме некое намалување на цените на графичките картички? Со официјално најавеното намалување на цената на картичките на Asus кое треба да настапи денес, се чини дека да.
Објавено на 01.04.2022 - 13:45

Pages