На еден или друг начин сигурно досега повеќепати сте биле изложени на ковид – вашиот најдобар пријател бил позитивен, вашата колешка исто така, а можеби и некој од вашето семејство. А сепак, се чини дека громот односно ковидот, удира секаде наоколу сем директно во центар, во вас, и секојпат кога по ваква случка се тестирате, тестот е негативен. Дали ова значи дека повеќекратната изложеност на ковид го зајакнува вашиот имунолошки систем? Научниците, барем засега, не се согласуваат...