Американската полиција веќе подолго време го користи тејзерот, електричниот зашеметувач што се користи за да ги онеспособи опасните поединци. Како функционира ова орудие?
Тејзерот делува на нервниот систем на „жртвата“, предизвикувајќи привремена мускулна парализа. Полицајците го користат оружјето во опасни ситуации, на пример, во случај на вооружен отпор при апсење каде што употребата на традиционално оружје се смета за прекумерна, но во некои држави оружјето е достапно и за набавка за обичните граѓани, за самоодбрана. Па да го разгледаме од поблиску со помош на сликата подолу.
Активирањето (1) се врши со притискање и отпуштање, при што се активира електрично празнење во времетраење од 5 секунди, со брзина од приближно 20 електрични импулси во секунда. Континуираното држење на чкрапалото ја продолжува изложеноста на жртвата на електричниот удар.
Има две касети (2), а од секоја од нив може да се лансира пар стрелки на растојание од 7 до 11 метри, во зависност од типот на тејзер. Стрелките се испалуваат со компримиран гас, азот.
Стрелки и кабли (3) – стрелите се тенки и метални пикадо, се исфрлаат со брзина од околу 90 метри во секунда и се способни да ја пробијат облеката, иакот тоа не е и е неопходно за оружјето да функционира како што е замислено. Стрелките остануваат поврзани со патронот преку кабли покриени со изолационен материјал.
Afid ознаките (4) личат на конфети и имаат идентификациски број. Тие се ослободуваат од патронот и служат за да се идентификува пиштолот којшто пукал и колку пати бил употребен.
Лед и ласер (5) – два ласерски покажувачи ги покажуваат веројатните точки на удар на двете стрелки. До нив се поставени LED илуминатори, со прилагодлив интензитет, за ноќна употреба на тејзерот.
Безбедносна задршка/кочница (6) – како и кај традиционалните пиштоли, овој сегмент служи за да се спречи случајната употреба. Кочницата е присутна на обете страни со што се олеснува употребата дури и за левучарите.
Екран (7) на кој се прикажуваат информации за траењето на батеријата, поставениот опсег на касети и сите аномалии.
Батерија и камера (8) – во рачката на пиштолот е смесетена батерија, отстранлива, која е доволна за 500 испукувања. Некои модели имаат и камера која се активира во случај на „испалување“ и која е мошне корисна при последователна реконструкција на настаните
Електроди (9) – ги има четири, сместени на предната страна. Откако ќе се потрошат касетите, тие овозможуваат активирање на празнењето со контакт, во блиска борба.
Со притискањето на чкрапалото се активира исфрлањето на двете стрелки кои, благодарение на двата метални кабли, формираат електрично коло кое, при удар, се затвора со телото на жртвата. Во тој момент се активира парализирачкото електрично празнење и лицето е онеспособено.
Axon, производителот на најкористениот модел во светот, во „упатството за употреба“ги советува корисниците да целат кон нозете и долниот дел на градниот кош, како и да се избегнуваат „чувствителните“ области како што се главата, очите, грлото и градите. Понатаму, пред да се повлече чкрапалото, се препорачува да се процени дали по ударот на стрелката постои ризик за лицето да падне во вода или врз некои опасни предмети.
Но дали овие предупредувања се доволни? Некои кардиолози предупредуваат дека иако интензитетот на струјата е таков што нема потреба од загриженост за нејзиното дејство врз здравите луѓе, сепак, одреден ризик за срцето може да има, на пример, кај луѓето кои злоупотребуваат кокаин. Една студија од 2009 година, нарачана од Axon, открива дека во 99,75% од случаите употребата на тејзерот не предизвикала штета или сериозни повреди, туку само модринки или помали гребнатини и дека немало смртни случаи. Од друга страна Amnesty International тврди дека, од 2001 година, бројот на смртни случаи предизвикани директно или индиректно од тејзерот е околу илјада.
Името Тејзер (Taser) потекнува од насловот на американскиот роман за деца “Том Свифт и неговата електрична пушка” од 1911 година, во којшто главниот лик, на патување во Африка, измислува електрична пушка за да се одбрани од канибали и диви животни.