Електроника

Пред одредено време добив задача да развијам милиомметар односно омметар кој ќе биде способен да мери многу мали отпори - отпори од неколку милиома. Комерцијалните мултиметри немаат способност да мерат многу мали отпори. Дури и некои 4 и 1/2 цифрени мултиметри не мерат отпори помали од 10m.


Аудио и видеотехника

Во ова финале е собран кремот на звучниците со цена до 350 марки за еден пар, најдобрите за тие пари на планетава (т.е. во Скопје). Финалистите се: B&W DM 302, Mission 731i и Tannoy M1. Сиве овие звучници се тестирани во повеќето странски Hi-Fi списанија и секаде добиле одлични оценки сами за себе, но никаде споредбено не се тестирани меѓусебно.


Електроника

Секој кој се занимава со дигитална електроника сигурно имал потреба од едноставен инструмент со чија помош ќе може брзо и едноставно да одреди во некоја точка од колото дали има логичка едниница или нула. Многумина со овој проблем се справуваат на тој начин што со волтметар го мерат напонот па после кратко мислење се одлучуваат каква е состојбата на таа точка.


Аудио и видеотехника

На почетокот и дигиталните changer-и покажуваа симптоми слични на своите аналогни претходници - "прескокнуваа" почесто од single player-от, звучеа погрубо и понепрецизно од нив, почесто се расипуваа. Но, како што поминуваше времето, така и болки имаше сè помалку, а звукот снануваше сè покултивиран. CD changer-ите го положија историскиот испит и влегоа во производните каталози на практично сите фирми кои се занимаваат со производство на аудиороба за широка потрошувачка.


Аудио и видеотехника

Во претходниот број дадовме кус приказ за настанувањето на аудио конекцијата, нејзиниот развој и дефинитивен продор во светот на модерното аудио. Денес ниту еден квалитетен аудио систем не може да се замисли без соодветно одбрана комбинација на интерконекциски и звучнички кабли. Ниту една компонента, а рековме дека каблите денес го поседуваат токму тој статус, не може да си поигра со звукот и финалната звучна слика, како овие навидум неважни "парчиња жица".


Информатика

Иако матичната плоча (motherboard) е централен дел на секој компјутер, не £ се посветува доволно внимание при неговото купување. Повеќето новопечени “компјутерџии” внимателно ги бира количината на работната меморија, типот и капацитетот на тврдиот диск, квалитетот на мониторот, а матичната плоча во најголем број случаи се сфаќа како потребно зло кое е тука само затоа што и процесорот треба некаде да се “всели”. Не наседнувајте...


Електроника

Денес сè повеќе се употребуваат засилувачи во интегрална техника, а на многумина не им се допаѓаат. Овој засилувач користи само транзистори и може да даде 25W синусна, односно 40W музичка моќност. Изобличувањата се многу мали и може да се спореди со денес познатите засилувачи. Произведен е од загребската фирма RIZ со ознака SK0340.


Аудио и видеотехника

Природната реверберација е многу сложен акустички процес. Постигнувањето на природната реверберација со помошни уреди претставува обид за приближување кон неа, но и можност да се работи и креира со дополнителни ефекти кои во природните процеси ги нема или се исклучително ретки. Прецизноста на постигнувањето на природната реверберација по вештачки пат е многу значаен фактор во оценувањето на квалитетот на таков уред.


Електроника

Тема на ова продолжение од почетниот курс по практична електроника се конекторите и прекинувачите. Ќе стане збор за параметри на конекторите, видови кобектори, испитување на конекторите, параметри на прекинувачите, видови прекинувачи и испитување на прекинувачите.


Електроника

Во минатиот број се запознавме со начинот на работење на микропроцесорите преку објаснувањето на работата на M6800. Преку објаснувањето на извршувањето на дел од програма, односно неколку програмски чекори. Сега ни остана да ги објасниме начините на адресирање и да заокружиме една целина. Во овој број ќе завршиме со основните работи што треба одлично да ги познава еден експерт за микроконтролери каков што ќе бидете се надевам и Вие еден ден.


Аудио и видеотехника

Со текот на времето аудио светот беше сведок на огромен број необични новитети: осум-трачниот/касетен плеер, CD/рисиверот, TV/VCR-от итн. Сега AIWA се претставува со еден уникатен производ: VHS Hi-Fi видео рикордер во комбинација со A/V рисивер.


Електроника

Ова е едноставен претворувач кој служи за претворување на еднонасочниот напон од 12V во наизменичен напон од 220V/50Hz. Може да се употреби за напојување за сијалици, лемила, мали електрични алатки и сл. Претворувачот се состои од 3 дела: генератор за 50Hz, склоп за обликување на импулси и противтактен излезен степен.


Електроника

Автоматскиот светлосен затемнувач (dimmer) претставува уред мошне едноставен за изработка кој често ќе го употребувате во својот дом. Затемнувачот ја има следната функција: кога светлото го исклучувате со прекинувачот сијалицата не се гаси моментално туку постепено се затемнува за време од околу 20s. Ова ќе ви овозможи да излезете од просторијата без попатно судирање со разни предмети. Предвиден е за употреба само за сијалици кои работат на напон од 220 - 240V.


Омнибус

Поголемиот тираж на ЕМИТЕР се одрази и на поголемиот број на пополнети анкетни листови кои пристигнаа во нашата редакција - вкупно 105, што и не е толку лошо земајќи во предвид дека овој пат немаше атрактивни награди како во минатата анкета. Во однос на вкупниот број на читатели, бројот од 105 анкетни ливчиња не е голем, но овозможува добра статистичка обработка, која ќе ни покаже каков ЕМИТЕР сакате и колку сме успеале досега во исполнување на вашите желби.


Омнибус

Книга за антени; Правила за натпреварот CQ WW DX; HST; Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

HI-FI информации; Philips VELO1; SSAIRA; Quickroute; Нова книга - PC основи; 555 со нови можности; MTE1122; Микроконтролери базирани на 8051 со EEPROM; E-mail или Real Mail со Relayone


Писма
Прашања и предлози
Бинарно собирање и одземање