Емитер 10/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Природната реверберација е многу сложен акустички процес. Постигнувањето на природната реверберација со помошни уреди претставува обид за приближување кон неа, но и можност да се работи и креира со дополнителни ефекти кои во природните процеси ги нема или се исклучително ретки. Прецизноста на постигнувањето на природната реверберација по вештачки пат е многу значаен фактор во оценувањето на квалитетот на таков уред. Најновата технологија се обидува да го намали тој јаз меѓу природната и вештачката реверберација, додавајќи кон тоа многубројни можности што му се на располагање на тонскиот снимател, со кои тој може да се размавне при креирањето на некоја снимка. Не е чудно кај професионалните дигитални ревербератори да се сретнат можности кои кај ревербераторите со плоча или кај некој друг вид уред за реверберација е невозможно да се изведат. Така, се сретнува можност за еквализација пред и после реверберацијата, пропуштање на таков сигнал низ пречката за шумот (Gate), компресор, експандер или динамички филтер, спектрални интервенции на фреквенциската содржина, и тн.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.