Рубрика: Аудио и видеотехника
Во потрага по совршенството (2) или како најлесно да го унапредите вашиот систем
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот број дадовме кус приказ за настанувањето на аудио конекцијата, нејзиниот развој и дефинитивен продор во светот на модерното аудио. Денес ниту еден квалитетен аудио систем не може да се замисли без соодветно одбрана комбинација на интерконекциски и звучнички кабли. Ниту една компонента, а рековме дека каблите денес го поседуваат токму тој статус, не може да си поигра со звукот и финалната звучна слика, како овие навидум неважни "парчиња жица". Дали вашиот систем ќе биде способен да ги искаже своите вистински вредности, дали ќе можете во целост да го искористите неговиот потенцијал и да уживате во неговата репродукција, комплетно зависи од сериозноста и трпеливоста со која ќе пристапите кон изборот на последната компонента во ланецот. Да не зборуваме за фактот дека на овој начин ви е оставена можност во целост да ја изразите својата креативност, вештина и знаење, да го креирате звукот според своите потреби и афинитети. Дали на овој начин резултатот е сигурен....? Во аудиото само едно нешто е сигурно, а тоа е дека ништо не е сигурно!!!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.