Рубрика: Аудио и видеотехника
Слеп слушен тест: B&W, Mission и Tannoy
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ова финале е собран кремот на звучниците со цена до 350 марки за еден пар, најдобрите за тие пари на планетава (т.е. во Скопје). Финалистите се: B&W DM 302, Mission 731i и Tannoy M1. Сиве овие звучници се тестирани во повеќето странски Hi-Fi списанија и секаде добиле одлични оценки сами за себе, но никаде споредбено не се тестирани меѓусебно. Една од причините за тоа е различното време на нивното појавување на пазарот – звучниците B&W DM 302 и Mission 731i уште одамна ги собраа ловориките, а Tannoy M1 дури сега скоро се појави. Овој слеп слушен тест ќе биде прв во светот кој директно ќе ги спореди нивните звучни квалитети. Во ЕМИТЕР 7-8/98 ("Тест: JBL, Mission и Pioneer") можевте да го прочитате описот и мерниот тест на звучниците Mission 731i, така што овде за нив ќе има само слеп слушен тест. Звучниците B&W DM 302 и Tannoy M1 ќе бидат комплетно претставени и тестирани. Голем број на светски Hi-Fi списанија (освен британските) сè уште ги немаат тестирано звучниците Tannoy M1, што значи дека кај нас читателите (на ЕМИТЕР) се попривилегирани од читателите во некои поразвиени земји. Во описот на звучниците повторно ќе го изоставам потполно непотребниот податок за моќноста на звучниците, бидејќи одговорот на прашањето "Колку вати е звучникот?" не дава ама баш никакви корисни информации.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.