Скоро секое, ако не и секое, домаќинство во својот инвентар има барем еден далечински управувач. Независно од фактот дали далечинскиот управувач е за видео рекордерот, телевизорот или системот за музика, како најчест носител на информацијата се јавува инфрацрвената светлина. За жал, или за среќа на производителите на далечински управувачи, нашето око не го детектира овој дел од опсегот на светлината, па исправноста на нашиот далечински управувач може да ја докажеме само посредно.