Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: звучници од нашите читатели (6)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нашиот читател Александар Неделковски направил интересни цилиндрични звучници, со одличен дизајн, Tubular bells AC 3. Звучниците во облик на цилиндер ретко се појавуваат на пазарот, но кога ќе се појават секогаш ги собираат наградите за најдобар дизајн. Александар направил сè она што може рачно да направи хобист-аматер, кога му стојат на располагање измерените карактеристики на звучниците. Подобри резултати се постигнуваат само со професионална мерна опрема и професионален компјутерски софтвер за оптимизација на свртници, чии резултати ги гледавте на дело во оваа рубрика. Бидејќи претходно наведените грешки кои ги направил Александар не можат да се занемарат, тој отпаѓа од трката за главната награда, но затоа ќе добие специјална награда за прекрасниот дизајн и конструкцијата на кутиите.

Исправки и дополнувања:
Погрешно име во "Звучници од нашите читатели 6" од Е9/99

Во споменатиот напис погрешно е наведено името на нашиот читател кој е конструктор на анализираните звучници. Неговото име не е Александар, туку Сашо Неделковски, кој се надеваме дека ќе го прифати нашето извинување за оваа ненамерна грешка.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.