Емитер 9/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Трансформаторите спаѓаат во групата на електрични машини, кои служат за трансформација (претворање) на наизменичната електрична енергија. При трансформацијата настанува промена на амплитудата на напонот и струјата, но така што трансформираната моќност и фреквенција остануваат непроменети. Во конструктивен поглед тие немаат вртливи или подвижни делови што овозможува долга експлоатација. Благодарение на можноста наизменичниот напон да се трансформира од помала во поголема вредност и обратно, трансформаторите заземаат едно од најважните места во енергетските мрежи. Почнувајќи од местата на производство на електричната енергија, па сè до крајните потрошувачи, каде што енергијата се употребува, се сретнуваат голем број трансформатори. Со оглед на големата распространетост на трансформаторите и во областа на електрониката, што нас електроничарите најмногу нè интересира, во овој текст ќе посветиме соодветно внимание на нивната заштита. Голем дел од трансформаторите во експлоатација се заштитени со осигурувач појак од пропишаниот, па трансформаторот може да прегори заради преоптоварување или краток спој на секундарната страна. За да не дојде до тоа, водејќи се од своето искуство, го изработив овој модул, кој доколку правилно е димензиониран, според моќноста на трансформаторот, дава 100% заштита од преоптоварување и краток спој. Брзината на реакцијата е многу голема, од редот на милисекунди (брзина на вклучување и исклучување на самиот релеј). Овој модул може да најде примена за заштита на сите типови трансформатори во сите режими на работа со моќности од 20 до 500W, а токму тие трансформатори најчесто и се употребуваат во електрониката. Градбата на овој модул за трансформатори со моќности помали од 20W е економски неоправдана, а за моќности поголеми од 500W потребна е мала модификација.
Нa ППК546 прикажана на слика 4 недостасува водот помеѓу минусот на C1 и минусот на пиезо звучникот (и релејот) кој под неразјаснети околности исчезна при компјутерската обработка. Читателите кои оваа ППК веќе ја имаат изработено или нарачано од нашиот ППК сервис грешката можат да ја исправат со залемување на парче жица помеѓу спомнатите изводи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.