Рубрика: Електроника
Тестер за високонапонски трансформатори
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој број на ЕМИТЕР ќе ви претставиме уште еден исклучително корисен инструмент, посебно за сервисерите на ТВ уреди и монитори. Станува збор за инструмент кој со релативно голема точност ја одредува исправноста на високонапонските трансформатори и степенот за добивање на висок напон, кои се наоѓаат во секој ТВ уред или монитор со стандардна катодна цевка.

Токму во модулот за добивање на висок напон често се случуваат неисправности кои тешко се откриваат со унимер па и осцилоцкоп, поради присутноста на висок напон и специфичниот работен режим. Веројатноста да се појават недостаци во овој степен е голема поради постоењето на сигнали со висок напон и висока фреквенција, кои може да доведат до промена на работните параметри на некоја компонента. Ситуацијата дополнително е отежната со тоа што најчесто кога има неисправност во делот за висок напон се оптоварува напојувачката секција која може да се оштети, или пак таа се исклучува поради зголеменото оптоварување. Исто така може да се случи Високо-Напонскиот Трансформатор (во понатамошниот текст ВНТ) да не биде во прекин или во краток спој, а сепак да биде неисправен, што сè разбира доведува до неправилна работа на модулот за добивање на висок напон. Ова доаѓа од таму, што, може да се случи да има краток спој само помеѓу два слоја од намотките, така што регуларното мерење нема да ни прикаже недостаток на ВНТ, кој сепак е неисправен. Постојат уште многу други ситуации кои им се добро познати на сервисерите, а за кои нема да стане збор во овој дел од текстот.

Добрата особина на претставениот инструмент е што тестирањето на ВНТ и компонентите околу него се изведува без да се вадат од ТВ уредот. Овде би сакал да напоменам дека со помош на овој инструмент може да се тестираат и компонентите околу ВНТ, како што се резонантни и заштитни (Snubber) кондензатори и брзи исправувачки диоди. Секако дека може да се навратите и на добро познатата метода на замена на компонентите со нови, но треба да се има предвид дека секој ВНТ е наменет само за соодветен модел на ТВ уред, па потребно е да имате голема колекција на вакви трансформатори која, мора да се призне, ќе ве чини цело богатство.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК818
Печатена плочка: MASK82
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.