Емитер 9/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Досега во ова списание имаше објавено неколку проекти за излезни засилувачи со најразлични карактеристики, но немаше некој позначаен проект за изработка на тонска корекција на аудио сигналот. За да се пополни оваа празнина се одлучив да го понудам овој проект за изработка на еквилајзер, уред наменет за тонска корекција на аудио сигналот. Самата улога на овој уред на сите им е позната поради тоа што досега неколку пати беа опишани готови уреди од овој тип. Само накратко, за оние кои сепак не се запознати со овој уред, ќе напоменам дека со помош на овој уред се врши фреквентна корекција на влезниот аудио сигнал. Ова е потребно за во одредени граници да се подобри квалитетот на влезниот сигнал. Се разбира дека ако влезниот сигнал е многу лош не може многу да се сторои за негово подобрување.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.