Емитер 1/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали некогаш сте имале потреба во својот дом да вклучите или исклучите нешто додека сте отсутни од него? Колку пати сте посакале дома да имате топла вода за туширање кога ќе пристигнете од некое патување или после напорен ден на работа. Добро е доколку има на кого да му се јавите дома тоа да го обезбеди наместо вас. Но, што ако дома нема никој?! Во овој број ќе стане збор за една можност за далечинско управување на уреди преку телефонска линија.
Уредот за кој ќе стане збор прикажан е на фотографијата. Тој претставува само една идеја како може да се контролираат потрошувачи со посредство на телефонска линија. Овозможува контрола на два потрошувачи преку телефонската линија. Оригиналниот уред беше дизајниран за контрола на телефонски интерфејс и на два други можни потрошувачи со посредство на рачна аматерска радио станица. Но, досегот на радио станицата и неможноста за контролирање на уредот од секоја локација беа услов за преод и користење на телефонска линија како посредно средство. Она што е потребно за контролата на овој уред покрај телефонска линија е и употреба на телефонски апарат со тонско (DTMF-Dual Tone Multy Frequency) бирање или пак некој друг уред кој може да генерира такви тонови.
Уредот е составен од неколку степени. Степенот за детекција на ѕвонење има за задача да го препознае сигналот за ѕвонење, кога истиот ќе се појави на телефонската линија.
Откако сигналот за ѕвонење ќе биде детектиран, степенот за активирање со тајмер му овозможува на уредот да се “јави”, т.е. да ја отвори телефонската линија. Со тоа му се овозможува на уредот да комуницира со корисникот кој го повикал. Во исто време, степенот за активирање со тајмер ја држи телефонската линија отворена одреден временски период, после што уредот се исклучува и е подготвен за примање на нов телефонски повик.
DTMF декодерот има за задача да ги препознае и декодира соодветните DTMF тонови, кои како соодветни наредби за контрола се испраќаат преку телефонската линија од страна на корисникот.
Бидејќи DTMF декодерот на својот излез дава информации во BCD формат, се користи BCD претворувачот со цел да се добијат информации во децимален формат.
Степенот за детекција на код има за задача да го препознае соодветниот сигурносен код поставен од страна на корисникот, со што се овозможува вклучување т.е. исклучување на потрошувачите, односно функционирање на дел од степенот за контрола.
Степенот за контрола е оној степен преку кој се врши непосредно вклучување и исклучување на потрошувачите.
ИК: 4N35, 555, MT8870CE, CD4514BE, HEF4017BPE, 4066, 7408, 4013, 7805;
Релеи: SPDT релеј 842-1C-C (coil 12VDC), SPDT релеј 801H-1C-C (contact 220V/10A, coil 12VDC)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.