Емитер 9/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Верувам дека повеќе читатели на ЕМИТЕР имаат потреба некои ситни делови од инсекти, растенија, предмети итн., да ги видат под "лупа", односно зголемени за 100, 200 па и повеќе пати, и така добиените зголемени слики за подобра прегледност да можат да ги прикажат на мониторот од својот персонален компјутер како слики во боја, со можност потоа да ги снимат како посебна документација на хард дискот од компјутерот. Сето ова на многу едноставен и елегантен начин ќе успеете да го изведете со микроскопот за вашиот PC опишан и изработен во овој проект.
Познато е дека за да зголемите еден минијатурен предмет (се мисли на многу мал "дел" кој со "голо око" не може да се детектира во детали) ќе ви биде потребна некакво оптичко средство за зголемување. Како најдостапно, најосновно и наједноставно средство ви е лупата. Со неа можете предметот кој го набљудувате да го зголемите неколку пати, но ако сакате да го зголемите за 100 пати или многу повеќе, со лупа не можете да го постигнете тој резултат. Човекот бидејќи имал потреба за поголеми зголемувања го измислил уредот наречен микроскоп. Да не навлегувам подетално во неговата конструкција и градба, само ќе го напоменам најосновното: тој користи склоп на повеќе леќи кои се димензионирани и поставени да ја вршат функцијата на многукратно зголемување. Значи, за да изработите компјутерски микроскоп ќе ви биде потребен обичен, оптички микроскоп, а сликата добиена на неговиот окулар за да ја пренесете на вашиот комјутер ќе ви биде потребна компјутерска (веб) камера. Од сето ова може да се заклучи дека за изработка на компјутерски микроскоп ќе ви бидат потребни овие две главни компоненти кои во симбиоза ќе ви го дадат крајниот резултат, а тоа е микроскоп кој ќе се поврзува преку USB портата на компјутер.
Зголемување: 100x, 200x, 450x;
Максимална резолуција: 1280 x 960 точки;
Микроскоп Micro science или сличен;
Веб камера Delux DLV-B57 или слична;
USB кабел;
бела LED диода
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.